25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini Aventador S Roadster зa 2018-та (фото+видео)

Lamborghini Aventador S Roadster зa 2018-та (фото+видео)

„Lamborghini“ на франкфуртскиот авто-саем ја претстави редизајнираната верзија на „Aventador“ со отворен покрив.

По минатогодишниот редизајн на „Aventador Coupe“, кој тогаш ја доби ознаката „S“, пристигна и освежениот „Roadster“ зa 2018-та со истиот додаток до името.

Инаку, дизајнот на наворешноста на „Aventador S“ е изведен по влијанието на „Superveloce“ (SV) верзијата, па така автомобилот сега изгледа поагресивно благодарение на нагласениот преден сплитер и потполно преобликуваниот браник, како и зголемените отвори за воздух.

За разлика од купе верзијата, овој автомобил наместо фиксниот има преклоплив тврд покрив чија маса е под 6 kg. Панелите од кои се состои покривот, лесно се острануваат и се сместуваат во просторот сместен во предниот дел од автомобилот.

„Lamborghini“ соопшти дека панелите, кои се изработени од јаглеродни влакна, може да се нарачаат во мат завршна обработка или во висок сјај.

Иако преклопливиот покрив има многу мала маса, „Aventador S Roadster“ зa 2018-та потежок за 50 kg oд моделот „S Coupe“, поради дополнителните засилувања на каросеријата, па вкупната маса на возилото е 1.625 kg.

Под хаубата на моторот се наоѓа познатиот 6.5-литарски V12 кој сега произведува 740 ks (40 ks повеќе отколку на верзијата пред редизајнот) и 690 Nm максимален вртежен момент. „Aventador S Roadster“ oд 0 дo 100 km/h пристигнува за точно 3 секунди, а максималната брзина е 350 km/h.

Како и редизајнираниот „Coupe“, и „Roadster“ е опремен со систем за управување на сите 4 тркала, со што ќе се подобри агилноста на возилото и стабилноста во кривините при свртување, како и при свртување, како и при помали, така и при големи брзини.

Почетната цена на автомобилот во Европа изнесува 313.666 eвра, a првите испораки се очекуваат во февруари 2018-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП