19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИThyssenkrupp и Tata го создаваат вториот по големина производител на челик во...

Thyssenkrupp и Tata го создаваат вториот по големина производител на челик во Европа

Германската „Thyssenkrupp“ и индиската „Tata Steel“ склучиле рамковна спогодба за спојување на европските челични компании во обид да го создадат вториот по големина производител во регионот и да се борат со прекумерната продуктивност, соопштува „Bloomberg“.

Компаниите имаат потпишано меморандум за споразум за заедничка компанија под името „Thyssenkrupp Tata Steel“ чија сопственост ќе биде поделена на еднакви делови меѓу двете компании. Новата компанија ќе биде со седиште во Холандија, соопштија компаниите. Договорот се очекува да биде финализиран на почетокот од следната година и ќе бара одобрение од ЕУ.

„Thyssenkrupp“ и „Tata“ предвидуваат годишни синергии меѓу 400 и 600 милиони евра, поддржани од штедење во областите како искористување на капацитетот, продажба и администрација, како и студии и развој. Компаниите исто така забележуваат можно намалување на до 4.000 работни места во комбинираната работна сила од околу 48.000.

Компанијата ќе има проформа промет од околу 15 милијарди евра годишно и испораки од околу 21 милион метрички тони рамни производи од челик, велат од компаниите. Предложеното спојување не вклучува финансиска компонента.

„Thyssenkrupp“ и „Tata“ водеа преговори за спојување повеќе од една година, за да имаат корист од последниот бран на консолидација, додека производителите на челик бараат начин да се изборат со прекумерна продуктивност и да ги намалат трошоците. Иако цените на челикот се опоравуваат од почетокот на минатата година, индустријата сè уште се соочува со глобално преувеличување поради големиот кинески извоз и преголем капацитет во целиот свет. Цените на челик во Европа се под 50 отсто од нивното ниво во 2008-ма година, вели „Metal Bulletin“.

Акциите на „Tata Steel“ скокнаа за 2 отсто во Мумбаи по веста за договорот, така што нивното зголемување на цените на почетокот на годината достигна 74 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП