25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПознато е колку чини изработката на iPhone X чија цена е 1.000...

Познато е колку чини изработката на iPhone X чија цена е 1.000 долари

„Apple“ пред извесно време го претстави најскапиот паметен телефон на пазарот, „iPhone X“ чија цена изнесува 1.000 долари, а сега е познато и колку всушност чини неговата изработка.

Станува збор за сума од 412.75 долари, пишува „Trusted Reviews“. Најскапата компонента на мобилниот телефон е „OLED“ екранот кој „Apple“ го чини 80 долари, потоа 45 долари за „NAND“ меморијата од „Toshiba“ и процесорот „A11“ од 26 долари.

„iPhone X“ во САД ќе може да се нарачува од 27-ми октомври, а испораката ќе започне од 3-ти ноември. Моделот од 64 GB чини 1.000 долари за чија цена деновиве збори целиот свет, а за моделот од 256 GB ќе треба да се плати 1.149 долари.

Иако многумина ќе заклучат дека е претерано толкава сума да се даде за мобилен телефон, без сомневање љубителите на производите на „Apple“ ќе пронајдат начин да си го дозволат за себе овој паметен телефон кој на шега го нарекуваат „iPhone X(pensive)“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП