23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИT-Mobile US повторно размислува за спојување со Sprint

T-Mobile US повторно размислува за спојување со Sprint

Американската сестринска фирма на германскиот „Deutsche Telekom“, повторно размислува за евентуално спојување со американскиот конкурент „Sprint“, пренесува „CNBC“.

Се планира да се формира компанија во која „T-Mobile US“ ќе има мнозински удел во американскиот канал, осврнувајќи се на своите домашни извори. Според нив, договорот, исто така, може да се направи со размена на акции. Портпаролите на двете компании одбија да коментираат за оваа тема.

По веста, акциите на „Deutsche Telekom“ скокнаа во Франкфурт за 3,5 отсто, додека акциите на „Sprint“ забележаа раст од скоро 7 отсто.

„CNBC“ соопшти дека компанијата мајка на „Sprint“, јапонската „SoftBank Group“, и „Deutsche Telekom“ водат редовни преговори, но се далеку од конкретен резултат и не е јасно дали разговорите ќе доведат до успешен крај. Предвидено е „SoftBank“ да биде главен малцински учесник во спојувањето, а директорот на „T-Mobile“, Џон Легере да дејствува како извршен директор на новата компанија. Главниот извршен директор на „SoftBank“, Масајоши Син сепак дал до знаење дека сака да има зборот за тоа што ќе се случува во компанијата.

Ова нема да биде прв обид за спојување на двете компании. Внатрешните извори на крајот од јуни рекоа дека напорите за такво спојување се стопирани во моментот. „T-Mobile US“ во мај објави дека соединувањето може да создаде значителни синергиски ефекти. Компанијата е трет по големина оператор на американскиот пазар, „Sprint“ е број четири. Досега, сепак, спојувањата во конкурентната американска индустрија честопати не успеаа да се материјализираат поради загриженоста од картели.

Во 2014-та година „Deutsche Telekom“ беше пред склучување на договор за продажба на својата ќерка компанија „T-Mobile US“ на „Sprint“, но според „Bloomberg“ со предложената цена проценката на „T-Mobile US“ беше на повеќе од 32 милијарди долари. Една евентуална слична продажба на „T-Mobile“ би ја однеле „Deutsche Telekom“ по стапките на „Vodafone Group“, која го продаде својот удел од 45% во „Verizon Wireless“ за 130 милијарди долари во 2013-та година. Разликата е во тоа дека „Vodafone“ поседува имот во пазарите во развој, како што се Африка и Индија, додека „Deutsche Telekom“ ќе остане целосно изложен на слабостите на европските економии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП