28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЈапонскиот производител направи 150 милиони автомобили!

Јапонскиот производител направи 150 милиони автомобили!

Во август „Volkswagen“ објави дека од производните ленти на оваа компанија од производните ленти слегоа 150 милиони автомобил, а само еден месец дена подоцна, истиот историски резултат забележа и неговиот конкурент, „Nissan“.

Интересно е дека групациите кои ги предводат „VW“ и „Nissan“, во 2017-та се борат за титулата најголемиот производител на автомобили во светот.

По првите шест месеци во блага проденост има алијансата „Nissan-Renault“ со 5.268.079 испорачани возила, пред групацијата „Volkswagen“ која продаде 5.115.900 автомобили ширум светот.

Кога станува збор за историскиот резултат на „Nissan“, важно е да се напомене дека јапонскиот производител во периодот од 1933-та дo 1990-та произведе 50 милиони автомобили, а потоа следеше вистински бум, кога во наредните 27 години произведе дури 100 милиони возила.

Oд 1990-та дo 2006-та, „Nissan“ направи 50 милиони автомобили, а во последните 11 години, исто така 50 милиони.

Најмногу автомобили во историјата на „Nissan“ беа изработени во домашните погони, во Јапонија, 58,9% (преку 88 милиони), додека во САД се направени 10,8%, во Кина и Мексико по 7,9%, во Велика Британија 6,2%, a во Шпанија 2,4%…

Доколку се прашувате кој е најпродаваниот модел на „Nissan“ на сите времиња, одговорот на е дека тоа е „Sunny“ (15,9 милиони), кој е познат и под имињата „Sentra“, „Pulsar“ и „Almera“, во зависност од пазарите на кои е пласиран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП