25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИКЕА планира да инвестира над 200 милиони евра во Србија

ИКЕА планира да инвестира над 200 милиони евра во Србија

Шведскиот гигант, „ИКЕА“, планира да инвестира во соседна Србија над 200 милиони евра во текот на следните пет години, според соопштението на Министер за труд, Зоран Ѓорѓевиќ.

Компанијата веќе инвестираше 60 милиони евра во земјата и ангажираше 330 вработени за својата белградска локација, која започна со работа пред еден месец.

„ИКЕА“ планира да изгради уште две локации во земјата, објави српската влада во соопштението за печатот.

Пет години подоцна, бројот на официјалните вработени на „ИКЕА“ во Србија се очекува да достигне 1.200, вели Ѓорѓевиќ, кој ја посетил продавницата во Белград.

Исто така во мај, директорот за развој на „ИКЕА“ за Југоисточна Европа, Владислав Лалиќ, рече дека компанијата сака да закупи плац на левиот брег на реката Сава во североисточниот дел на српскиот главен град.

Долгорочните планови на компанијата вклучуваат отворање објект во Ниш. Сепак, според Лалиќ, тоа зависи од развојот на српскиот пазар и општите економски движења.

Во регионот на Југоисточна Европа, „ИКЕА“ има локации во Хрватска, Бугарија и Романија, додава весникот.

Шведскиот синџир има долга историја со Србија. Веќе во 1991-ва година, таа отворила мал аутлет во земјата, но го затворила една година подоцна поради колапсот на тогашната Југославија.

Нејзиното враќање е симбол на бавната транзиција на земјата по падот на Слободан Милошевиќ. Во 2008-ма година, компанијата се обиде повторно да влезе во земјата во времето на проевропскиот лидер Борис Тадиќ. Сепак, тој не успеа поради корупцијата и бирократијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП