25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес променливо облачно, со повремен дожд и грмежи

Денес променливо облачно, со повремен дожд и грмежи

Денес во Македонија ќе преовледува променливо облачно и посвежо време, со повремен локален дожд, кој на места проследен со ретки грмежи и со засилување на ветерот.

Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, на места ќе достигнува брзина до околу 65 км/час.

Минималната дневна температура ќе се движи од од 7 до 15, а максималната ќе биде во интервал од 22 до 33 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен југозападен ветер. Температурата ќе се движи од 10 до 28 степени.

Во четврток времето ќе биде променливо облачно и доста свежо со слаб локален дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Дневната температура значително ќе опадне за околу 10 тина степени. Потоа во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и свежо со ниски утрински температури.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП