28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЈосифовски: Потребни се промени во законите за нафтениот сектор

Јосифовски: Потребни се промени во законите за нафтениот сектор

Обидот за преземање на „Макпетрол“ е некорекно и непристапно, а Македонија не е правна земја земајќи ги предвид фактите дека понудата за преземање на оваа компанија не беше отфрлена, туку разгледана. Вака првиот човек на „Макпетрол“, Андрeја Јосифовски, ги оценува состојбите со обидот за преземање на компанијата од страна на офшор-компании.

„Нас нè зачуди односот на двете институции надлежни за конкретниот случај бидејќи не постапи корекно како што би постапиле институции во нормална држава. Акционери од „Макпетрол“ побараа да извршат увид во документацијата, што не им беше дозволено. Предметот сè уште не е затворен. Надлежните институции доставија извештај, но не го решаваат прашањето. Ова носи големи загуби на компанијата. Конкретно, ако сакаме да продадеме имот, не можеме да го направиме тоа бидејќи треба да повикаме собрание на акционери, а тоа чини пари. Ние сме трпеливи и чекаме, а ќе бараме и одговорност. Нема сила која може да го уништи „Макпетрол“, тоа можат да го мислат само болни умови“, вели генералниот менаџер и претседател на Управниот одбор на „Макпетрол“, Андрeја Јосифовски.

Во однос на изградбата на гасоводот, кој веќе со години е најавуван од страна на градоначалниците, а е актуелна тема пред локалните избори, Јосифовски вели дека претходната власт речиси не направила ништо во однос на ова прашање.

„Гасоводот е секогаш најавуван, но не е никогаш реализиран. Досегашните власти не направија ништо. Изграден е само 200 километри гасовод, кој од страна на државата беше платен 76,6 милиони долари. Единствени на пазарот што може да го реализира овој проект е компанијата АД „Гама“, а политичарите нека не се лажат дека некој друг може да го направи тоа. АД „Гама“ е команија која има сооднос 50-50 акции што ги поседува државата“, додава Јосифовски.

Компанијата „Макпетрол“ прославува 70 години постоење, а брои над 1.800 вработени. Јосифовски вели дека за продажбата наголемо „Макпетрол“ има селективен пристап, низ годините тендерите биле местени, а условите не биле соодветни. Првиот човек на компанијата вели дека „Макпетрол“ има позитивен финансиски резултати кои се зголемуваат секоја година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП