19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСловенија: Во даночната пријава ќе има и колона ,,мито”!

Словенија: Во даночната пријава ќе има и колона ,,мито”!

slovenia-ljubljana-river

Сопствениците на словенечките компании ќе добијат можност во даночните пријави да го запишат и трошокот кој настанал поради давање поткуп и други форми на незаконска употреба.

Љубљански Дневник пишува дека во даночните пријави на компаниите ќе има колона со назив ,,мито”.

Иако тоа е малку веројатно дека некој сам себе ќе се пријави за вакво кривично дело казниво до пет години затвор и парична казна, сепак од даночната управа тврдат дека колоната ја вовеле врз основа на Законот за данок на добивка на компаниите.

Законот, според нив, дозволува ,,самопријавување” корупција во работењето.

Во тој случај, тие очекуваат од претприемачот, да се запишат во форма на ,,трошоци поради поткуп и други форми на незаконски бенефиции”, отколку што ќе пријави како оправдани трошоци, што би ја намалило даночната основа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП