19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung подготвува револуција: Вака ќе изгледа следниот смартфон? (видео)

Samsung подготвува револуција: Вака ќе изгледа следниот смартфон? (видео)

Телефоните со флексибилни екрани веќе со години постојат само во теорија, но се чини дека работите наскоро ќе се променат.

Иако целото внимание минатата недела беше насочено кон „Apple“ кој ќе претстави три нови модели, во „Samsung“ веќе го планираат следниот чекор.

Само неколку часа пред „Apple“ да ги претстави моделите, „Samsung“ најави дека следната година сака да пушти во продажба телефон кој ќе може да се преклопи.

За оваа идеа се зборува веќе неколку години, а „Samsung“ претстави неколку прототипи, меѓу кои е најпознатиот „Youm“. Флексибилните екрани предизвикаат имагинација кај љубителите на технологијата, но годините минуваа и се чинеше дека ова ќе остане само како прототип.

Од „Samsung“ најавуваат дека целат за почетокот на 2018-та година, но имаат проблеми кои прво сакаат да ги решат. Пред тоа секако можеме да го очекуваме „Samsung Galaxy S9“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП