19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата се искачија на највисоко ниво за последните пет месеци

Цените на нафтата се искачија на највисоко ниво за последните пет месеци

Цените на нафтата на светските пазари минатата недела пораснаа достигнувајќи највисоко ниво во последните пет месеци.

На лондонскиот пазар цената за барел минатата седмица порасна 3,3 отсто, на 55,6 американски долари, а на американскиот барелот поскапе 4,9 отсто, на 49,9 долари.

Порастот на цената на нафтата се должи на процената за зголемена побарувачка во претстојниот период благодарение на брзиот раст на најголемите светски економии.

ОПЕК проценува дека следните години ќе расте побарувачката за нафта, како и дека ќе се намали вишокот на понудата. Со тоа ОПЕК сигнализира дека неговиот договор за намалување на производството, што го поддржаа и одредени производители, ги дава саканите резултати.

Аналитичарите очекуваат оваа година побарувачката за нафта значително да порасне, што е клучно за раст на цените. Тие проценуваат дека цената на барелот на лондонскиот пазар в година во просек ќе се движи околу 65 долари, а во 2019 годна 70-ина долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП