28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеконструирана водоводната мрежа кај новиот кружен тек на булеварот Србија

Реконструирана водоводната мрежа кај новиот кружен тек на булеварот Србија

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ во текот на изминативе денови извршија реконструкција на два цевковода од водоводната мрежа кај новиот кружен тек што се формира на улицата Христо Татарчев и булеварот Србија.

Поради реконструкцијата, без вода беа корисниците од населбите Ново Лисиче и Аеродром.

Од Град Скопје информираат дека станува збор за многу сложен зафат каков што во Скопје не е изведен во последните 20 години.

„Оваа реконструкција ќе ги олесни евентуалните идни интервенции на водоводната мрежа доколку за тоа се јави потреба, а ќе придонесе и за поквалитетно водоснабдување во овој дел на градот“, велат од Град Скопје.

По завршувањето на интервенцијата, нормализирано е водоснабдувањето во населбите Ново Лисиче и Аеродром.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП