16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz е подготвен со два нови модели

Mercedes-Benz е подготвен со два нови модели

Mercedes-Benz подготвува две премиери на своите модели во наредните месеци. Првиот од нив ќе биде третата генерација на седанот „CLS“, а вториот е седан со 4 врати но кој ќе биде изграден од „AMG GT“.

Новиот „Mercedes-Benz CLS“ ќе се појави пред публика за време на автосаемот во Лос Анџелес во ноември, а ќе биде прикажана и неговата хибридна модификација. Ќе се потпира на 6-цилиндричен бензински мотор и електричен мотор. Во основата на моделот е новата „E-Class“, а во компанијата се откажуваат од верзијата „Shooting Brake“ (караван).

Седанот со 4 врати врз основа на каросерија „AMG GT“ за возврат ќе биде прикажан пред публика на автосаемот во Детроит во јануари. Сериското производство ќе стартува веднаш потоа, а дизајнот на автомобилот ќе повторува целосно според концептот кој беше прикажан во Женева.

Автомобилот ќе биде изграден на платформата „МРА“ која моментално се користи за моделите „C63“, „E63“ и „S63 AMG“. Поради намалувањето на тежината, поголемиот дел од конструкцијата ќе биде направена од алуминиум и челик со висока цврстина.

Техничките карактеристики на моделот се чуваат во тајност, но според неофицијални информации тој ќе добие 4,0-литарски V8. Моќноста на моторот ќе изнесува околу 600 КС. Не го исклучува можноста возилото да добие хибридна модификација.

Прототипот прикажан во Женева, беше опремен со хибриден агретат во кој влегуваа 4,0-литарски бензински V8 и електромотор. Вкупната моќност надминува 800 КС, со забрзување од 0 до 100 км/ч за 3 секунди. Концептот, исто така, доби и автоматски менувач „Speedshift MCT“ и подобра суспензија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП