16 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА3 совети од претприемач мултимилионер до кои ќе сакате да се придржувате

3 совети од претприемач мултимилионер до кои ќе сакате да се придржувате

Гари Вајнерчук е познат американски претприемач кој дури четири пати ја понел титулата најпродаван автор на Њујорк Тајмс. Тој е пионир во дигиталниот маркетинг и социјалните медиуми, а сајтот „Addicted2success“ ги објави неговите три правила за животот до кои сигурно ќе сакате да се придржувате.

Семејството е на првото место

Работите кои парите не можат да ги купат треба да бидат ваш приоритет, а семејството е дефинитивно на првото место. Луѓето кои зад себе имаат љубов, внимание и поддршка многу подалеку ќе стигнат од другите. Убаво е да знаете дека имате гнездо во кое секогаш можете да се вратите и луѓето кои ве сакаат ќе ви помогнат, без оглед на се.

Дајте се од себе

Гари смета дека морате да ја победите својата конкуренција. Тој работел 12 часа секој ден подолго од деценија. Иако никој нема да ви каже фала, дајте се од себе бидејќи само така можете да ги достигнете замислените висини. Доколку сакате да постигнете повеќе од другите морате и така да работите и да бидете подобри од нив. Вредните луѓе ја добиваат својата животна награда. Не работете нешто колку само да се каже дека имате работа, туку даде се од себе.

Следете ја својата страст

Иако звучи како клише многу луѓе се на некои позиции само поради кариерата, парите и успехот. Прашањето е за кој успех станува збор. Вистинскиот успех е да го работите она што го сакате и да бидете богат, во душата. Само со следењето на своите страсти, она поради што постите и за што дишете, можете во целост да се остварите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП