28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците чуваат 8.000 тони злато вредно 400 милијарди евра

Германците чуваат 8.000 тони злато вредно 400 милијарди евра

zlato1

Германските државјани се уште се потпираат на вредноста на златото, дури и во најтешката криза. Вредноста на златото во последно време е стабилна, но оваа планина од злато, во сопственост на граѓаните е во вредност од речиси 400 милијарди евра.

Германците имаат поголеми количини во злато, отколку во акции и удели во компаниите. Вредноста на златото, дванаесет години непрекинато расте, иако неговата цена повеќе не „дивее“, како што беше во 2011 година.

Но, истражувањата покажуваат дека тоа на Германците воопшто не им е важно. Само мал дел (6 проценти), го купуваат златото со цел да заработат од него. Повеќето (85 проценти), планираат да го задржат златото кое го поседуваат, бидејќи повеќе веруваат во вредноста на златото, отколку во вредноста на било која валута.

Со други зборови, поголемото количество на злато не е за продажба, а и никогаш нема ни да биде, нивното злато е „мртов капитал“, бидејќи од него не се создава никаква нова вредност.

Исто така, постои една одлична вест и за крадците, речиси една половина од ова богаство, значи 4.000 тони злато, се наоѓа во домовите на Германците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП