24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNintendo Switch е најпродаваната конзола во август

Nintendo Switch е најпродаваната конзола во август

Јапонската технолошка компанија „Nintendo“ повторно ја има најпродаваната конзола за минатиот месец, според студијата на „The NPD Group“. Хибридната конзола успева да продаде повеќе единици од „Xbox One“ и „PlayStation 4“, пишува „VentureBeat“.

Таа во последниве неколку месеци е подобра од своите конкуренти, делумно поради фактот што „Nintendo“ успеа да одговори на побарувачката.

„Nintendo Switch“ дебитираше на пазарот во март по цена од 300 долари.

„„Nintendo Switch“ беше најпродаваната хардверска платформа во август. „Nintendo Switch“ е најпродаваната платформа во четири од шесте месеци од дебито во март 2017-та година“, коментираше аналитичарот на „NPD“, Мет Пискатела.

Во моментот кога „Switch“ не беше на врвот, „Sony“ беше на лидерската позиција.

„„Sony PlayStation 4“ беше најдобро продавана конзола во мај и јуни. „PlayStation 4“ продолжува да биде најпродавана хардверска платформа од почетокот на годината, па досега“, коментира Пискатела.

Но, иако „Switch“ и „PlayStation 4“ добро функционираат, во целост, приходите од хардверски продажби се намалија за 6 проценти на годишно ниво на 168 милиони долари. Ова се должи на фактот дека „Xbox One“ и постарите системи како што се „Xbox 360“ и „PlayStation 3“ ја намалуваат продажбата од август минатата година.

Продажбата на „Xbox One“ се намалува бидејќи „Microsoft“ се подготвува да го претстави надградениот „Xbox One X“ на 7-ми ноември, па потрошувачите најверојатно ќе чекаат додека не дојде на пазарот. Сепак, ова нема значително да влијае врз вкупната потрошувачка на хардвер во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП