29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСе наоѓате во кризна ситуација на работното место - Како да се...

Се наоѓате во кризна ситуација на работното место – Како да се справите со неа?

Под кризни ситуации на работното место може да се подразбира апсолутно се, од тоа дека не сте завршиле некоја важна работа, сосема сте заборавиле некој проект, јавно сте предупредени од шефот, па се до тоа дека имате лош однос со некој ваш колега.

Еве неколку начини кои ги претставува „Business Insider“ за тоа како да излезете на крај со кризата на работа, без оглед колку е таа голема или мала.

Бидете трпеливи

Повеќето луѓе започнуваат да паничат кога ќе се соочат со кризна ситуација, а всушност треба да бидат смирени и трепеливи, бидејќи со „ладна глава“ полесно ќе се справите со било каков проблем.

Не ги прикривајте вашите грешки

Без оглед дали сте вие тие кои направиле грешка поради која работата е во криза или таа грешка ја направил некој друг колега, не се обидувајте да ја сокриете. Подобро ќе поминете ако ја кажете вистината и причината поради која настанал проблемот.

Преземете иницијатива

Во моментите на криза на работа, вработените попуштаат од притисокот и очекуваат шефовите да ги насочат. Наместо во овие моменти да се повлечете, преземете иницијатива и помогнете во решавањето на проблемот.

Согледајте ја позитивната страна на кризата

Многу е тешко во некоја кризна состојба да ја согледате позитивната страна. Меѓутоа, потсетете се себеси дека повеќето големи прилики доаѓаат маскирани во проблеми. Креативното размислување и иновативниот пристап кон кризата ќе ви помогнат да ги откриете сокриените можности.

Побарајте надворешна помош

Доколку кризата која ја погодила вашата компанија е голема, можеби ќе ви биде потребна надворешна помош. Нема ништо лошо во тоа да побарате помош кога таа ви е потребна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП