Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,297.60 -0.03%    GRNT 870.00 -0.99%    KMB 2,883.30 -1.59%    KPSS 485.00 -2.81%    KVAS 10,670.00 -3%    MPT 30,201.00 -2.58%    MTUR 4,700.00 2.17%    OKTA 3,300.00 10%    PKB 14,500.00 0.07%    RZUS 120.00 -1.64%    SBT 2,219.26 -0.89%    STB 938.54 -1.78%    STIL 134.00 3.08%    TEL 279.00 -0.49%    TNB 13,300.00 0.4%    TPLF 1,601.00 -0.32%    TTK 776.00 -3%    

Краткометражниот филм „Борба за смрт“ селектиран на повеќе фестивали

Време: 12:52

Датум: септември 14, 2017

Категорија: КУЛТУРА

Краткометражниот филм „Борба за смрт“ е селектиран да учествува на четири интернационални фестивали кои ќе се одржат во текот на октомври. Филмот ќе ја има својата африканска премиера на Медитеранскиот фестивал за краток филм во Танџиер, Мароко, а во исто време ќе се прикажува во официјална конкуренција на Интернационалниот филмски фестивал во Ханченг, Кина. Филмот е селектиран и на фестивалот „Курц филм шпиле (Kurz film spiele) во Констанц, Германија, а „Борба за смрт“ е дел од селекцијата македонски филмови кои ќе се прикажат на фестивалот „Седичикорто“ во Италија.

– Се радуваме што со премиерата во Мароко достигнавме една цел која си ја поставивме на почетокот – филмот да учествува на фестивали на секој континент во светот – велат од продукцијата.

Во меѓувреме, „Борба за смрт“ освои уште една награда за најдобар краток филм-комедија на фестивалот Балкан филм & фуд фестивал, кој се одржа во Поградец, Албанија. Ова е трета меѓународна награда за филмот по наградата „Златна мачка“ на Филмскиот фестивал за краток филм во Измир, Турција, и награда за најдобра машка улога на Интернационалниот фестивал за краток филм во Драма, Грција. „Борба за смрт“ досега учествуваше на триесетина фестивали ширум светот вклучувајќи голем број фестивали кои се квалификациски за БАФТА, „Оскар“ и Европските филмски награди.

Парадоксалната драма во која двајца старци се расправаат за последното гробно место во едно запустено македонско село се снимаше минатото лето во мариовското село Кален. Сценариото и режијата се на наградуваната македонска филмска авторка Елеонора Венинова, продуцент е Гоце Кралевски од ДНФ филмс. Во улогата на двајцата дедовци се актерите Мите Грозданов и Илија Струмениковски, а директор на фотографија е Димо Попов. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм во соработка со телевизија „Канал 5“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Специјална награда златна „Камера 300“ за Милчо Манчевски

    Специјална награда златна „Камера 300“ за Милчо Манчевски

    Интернационалниот  фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“-Битола,  специјалната награда златна „Камера 300“,  за особен придонес во светската филмска уметност за 2017 година, ќе ја додели на македонскиот и…

  • Утревечер почнува фестивалот Браќа Манаки

    Утревечер почнува фестивалот Браќа Манаки

    Утревечер со македонската премиера на краткиот филм „Крајот на времето“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски, а потоа и со премиерата на бугарско – македонската копродукција…

  • Зоран Попоски финалист на Глобалните награди за уметност

    Зоран Попоски финалист на Глобалните награди за уметност

    Македонскиот уметник Зоран Попоски е финалист на престижните Глобални награди за уметност 2017 во соработка со Вол Стрит Џурнал, во категоријата „современо сликарство“. Глобалните награди…

  • Три слики на Пикасо првпат на исто место од 1932 година

    Три слики на Пикасо првпат на исто место од 1932 година

    На изложби во Париз и во Лондон ќе бидат изложени три акти на Пабло Пикасо насликани во 1932 година кои не се прикажани заедно речиси…

  • Дуото Скиаво-Маркеџиани ќе одржи концерт во Велешкиот театар

    Дуото Скиаво-Маркеџиани ќе одржи концерт во Велешкиот театар

    На малата сцена на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, во вторник, со почеток во 20 часот, ќе се одржи концерт на светски познатото пијано-дуо…

  • Ревија на кратки документарни филмови „Водата – дар од природата“

    Ревија на кратки документарни филмови „Водата – дар од природата“

    Во рамките на манфестацијата Европски денови на културното наследство, на 22 септмври 2017 година во 20 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде организирана ревија…

  • Легендарниот француски кинематографер Пјер Лом пристигна во Македонија

    Легендарниот француски кинематографер Пјер Лом пристигна во Македонија

    Големиот француски кинематографер Пјер Лом (PIERRE LHOMME), лауреат на Златна камера 300 за животно дело на годинешното 38. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера…

  • На 28 септември почнува Младиот отворен театар

    На 28 септември почнува Младиот отворен театар

    Најголемиот меѓународен театарски фестивал во нашата држава, Млад отворен театар (МОТ), ќе се одржи од 28 септември до 4 октомври. Во рамките на меѓународната фестивалска…

  • Промоција на книгата „Коскени часовници“ од Дејвид Мичел

    Промоција на книгата „Коскени часовници“ од Дејвид Мичел

    В петок од печат ќе излезе романот „Коскени часовници“ на популарниот британски писател Дејвид Мичел. Преводот од англиски јазик е на Ацо Пероски, илустрацијата на…

  • Манифестацијата „Креативни точки“ на 22 и 23 септември во Лешочкиот манастир

    Манифестацијата „Креативни точки“ на 22 и 23 септември во Лешочкиот манастир

    Во организација на Центарот за култура и културолошки студии, а со поддршка на женскиот хор „Менада“ од Тетово, во Духовно-културениот центар „Кирил Пејчиновиќ“, во Лешочкиот…