Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,926.24 0.48%    GRNT 818.00 0.99%    KMB 3,350.61 -0.14%    PPIV 39,900.00 2.05%    RMDEN15 95.00 -0.11%    RMDEN16 95.00 0%    STBP 650.00 8.33%    STIL 140.00 0%    TEL 295.00 -0.18%    TNB 14,052.14 2.39%    TPLF 1,712.35 0.69%    UNI 2,050.00 0%    VITA 7,790.00 0%    

Во петок во Прилеп изложбата „Дел од мене“ од уметниците Ферди Булут и Дарко Талески

Време: 12:01

Датум: септември 14, 2017

Категорија: КУЛТУРА

Во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ в петок во 19 ч ќе биде отворена изложбата „Дел од мене“ од уметниците Ферди Булут и Дарко Талески од Прилеп.

Изложбата е дел од манифестацијата „Нов културен бран“, која ја реализира Министерството за култура.

Проектот го реализираат двајца ликовни уметници кои живеат во Пелагонискиот Регион на Македонија каде што сè уште како една од доминантните култури за финансиски приход е тутунот.

Во проектот „Дел од мене“ како основен материјал е земена саргијата (груба ткаенина изработена од коноп која се користи за вкалапување на исушениот тутун). Саргијата ја носи миризбата на обработениот тутун, којашто се впива на истиот начин како што миризбата се лепи за тутуноберачите.

Ферди ја користи саргијата како втора кожа. Кожата е еден вид меморија на животот. Ферди уште од најрана возраст се соочува со маката што ја носи тутунот. Преку фотографиите и кратките видеозаписи дел од видеоперформансот, тој е обвиен во саргија како негова втора кожа. Стиснат помеѓу мирисот и тежината во другите фотографии т.е. другиот дел од перформансот Ферди се обидува да се ослободи од таа тежина. Колку и да е силно и вистинско тоа одделување, остава свои траги. Тоа е причина за дел од фотографиите на перформансот да се види втора кожа, овој пат проѕирна (проѕирна фолија) како симбол на трагите кои остануваат врз личноста од социјалните и општествените случувања во кои расне, созрева, живее и твори.

Дарко во последните 2 години експериментира со состојбата на неговата кожа (demography т.е. цртање на кожа) како медиум за уметничко изразување.

„Кожата го покрива телото и истовремено има улога да нè заштити од другите, но и да нè прикаже пред другите. Дел од книгата ‘Мислење преку кожата’ од Сара Ахмет и Џеки Сатјси е следниот текст: мислата не се одразува само на телото како изгубен објект на мислата туку на целосната слика за нас самите, на начинот на постоењето – со, и постоењето – за, каде што еден допир е допир на другите. Проучувајќи го ова јас разбрав дека мојата личност е се рефлектира преку мојата кожа“, вели Дарко Талески

Честопати неговото творештво е поврзано со обидот за преземање на емоциите на другите и нивно интерпретирање на сопствен начин (ставен во туѓа кожа). На сличен начин и во овој проект е вклучен уметникот кој ја користи сопствената кожа како медиум за интерпретирање на емоциите на другиот уметник, поаѓајќи и испреплетувајќи ги сопствените емоции.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Пијанистот со најбрзи прсти, Питер Бенс, првпат во Македонија

    Пијанистот со најбрзи прсти, Питер Бенс, првпат во Македонија

    Унгарскиот пијанист Питер Бенс, кој го освои интернетот со своите преработки на хитовите на Мајкл Џексон, „Квин“ и Сиа, на 31 мај првпат ќе гостува…

  • Дарко Рундек на „Скопје колинг“ во иста вечер со „Тексас“

    Дарко Рундек на „Скопје колинг“ во иста вечер со „Тексас“

    „Авалон продукција“ најавува дека еден од најголемите фаворити на сите времиња од ексјугословенските простори на канцеларијата на „Авалон продукција“, како и на македонската публика, Дарко…

  • Вилијам Дефо награден со „Златна мечка“ за животно дело на 68. Берлинале

    Вилијам Дефо награден со „Златна мечка“ за животно дело на 68. Берлинале

    Американскиот актер Вилијам Дефо од страна на Берлинскиот филмски вестивал е одликуван со награда за животно дело. Статутката „Златна мечка“ на познатиот актер му ја…

  • До 15 март пријавување за државната награда „Гоце Делчев“

    До 15 март пријавување за државната награда „Гоце Делчев“

    Министерството за образование и наука информира дека конкурсот за додeлување на државната награда „Гоце Делчев“ ќе трае заклучно со 15 март 2018 година. Со наградата…

  • Книгата „Дожд и хартија“ од Владимир Тасиќ објавена на македонски јазик

    Книгата „Дожд и хартија“ од Владимир Тасиќ објавена на македонски јазик

    Романот „Дожд и хартија“ од Владимир Тасиќ, добитник на НИН-овата награда за роман во 2004 година и наградата Златен сончоглед за 2004 година, деновиве излезе…

  • Екранизирани автентични настани и биографии во фокусот на „Берлинале“ – мајсторски „оживеани“ Роми Шнајдер, Џон Калахан

    Екранизирани автентични настани и биографии во фокусот на „Берлинале“ – мајсторски „оживеани“ Роми Шнајдер, Џон Калахан

    Берлинската улица „Постдамер“ и објектите „Берлинпалас“, хотелот „Хајат“ и кино-салите во „Синемакс“ и „Синестар“ уште неполни четири дена ќе бидат во објективот на најважните филмски…

  • Промоција на збирката раскази „Животот е… убав“

    Промоција на збирката раскази „Животот е… убав“

    Во „Литературно кафе Метаноја“ („Максим Горки“ 19) денес со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на збирката раскази „Животот е… убав“ од Коста Милков…

  • Германски филмови во Кинотека

    Германски филмови во Кинотека

    Љубителите на филмот ќе имаат можност еднаш месечно, во текот на годината да гледаат германски филмови од различни жанрови, во Кинотеката на Македонија во рамки…

  • Филмот „Честа на офицерот“ вo среда во Кинотека

    Филмот „Честа на офицерот“ вo среда во Кинотека

    Францускиот филм „Честа на офицерот“ од 1977 година в среда во 20 часот ќе биде прикажан во Кинотеката на Македонија. Актерот, којшто почина на 9…

  • Фред Фрит во Скопје на „Скопски џез фестивал“

    Фред Фрит во Скопје на „Скопски џез фестивал“

    Во рамките на својата актуелна европска турнеја, во Скопје доаѓа англискиот мултиинструменталист, композитор и импровизатор Фред Фрит. Концертот во организација на „Скопски џез фестивал“ ќе…