Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,350.00 1.64%    GRNT 783.48 -3.09%    KJUBI 1,400.00 0%    KMB 2,664.47 -1.21%    MPT 26,344.44 0.14%    MTUR 4,250.00 0.62%    OKTA 2,750.00 8.7%    TEL 271.93 -0.03%    TETE 1,800.00 -7.12%    TNB 13,472.07 -0.21%    TPLF 1,583.40 -1.36%    TRPS 1,500.00 0%    TTK 810.00 0.78%    

Најбрзиот автомобил во светот – Aspark го претстави електричниот Owl (фото+видео)

Време: 11:03

Датум: септември 14, 2017

Категорија: АВТОБИЗ

Пред неколку дена јапонската компанија „Aspark“ објави дека развива електричен модел кој ја заслужува титулата „најбрз автомобил во светот“. Премиерата на овој модел се одржа за време на саемот во Франкфурт.

Пред новинарите шефот на „Apsark“ – Масамичи Јошида, откри како стигнал до идејата за правење на ваква машина. Тој рече дека со години размислувал за можноста да му даде на човештвото нешто посебно. Јапонецот размислувал евентуално за производство на авиони, роботи и земјоделска опрема, но на крајот се осврнал на автомобилите, кои треба да бидат еколошки и многу брзи.

По консулатации со различни експерти од целиот свет, Јошида бил убеден дека не треба да се натпреварува со светските гиганти во автомобилската индустрија, чии автомобили развиваат 400 км/ч, туку да се обложи на забрзувањето од 0 до 100 км/ч. На крајот на краиштата, ова е резултатот на „Owl“ – електричен супер-автомобил со лесна шасија.

Техничките детали за моделот не се објавени, но се претпоставува дека електричната единица развива моќ од 1000 КС. Во официјалното соопштение се наведува забрзување од 0 до 100 км/ч за 2 секунди, што го прави „Aspark Owl“ во најбрз автомобил на планетата.

Познато е дека тежината на автомобилот е 850 кг., како и дека за разлика од повеќето електрични, кој се потпираат на акумулатори, ова јапонско чудо е со кондензатори. Максималната брзина на „Owl“ не се зема во предвид, но цената е околу 3,5 милиони долари.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Subaru го најави својот кросовер со 7 седишта

    Subaru го најави својот кросовер со 7 седишта

    „Subaru“ објави втора официјална слика на својот нов кросовер со 7 седишта, кој ќе се нарекува „Ascent“. Премиерата на моделот ќе се одржи на 28-ми…

  • BMW започна со тестирање на хибридни М-модели

    BMW започна со тестирање на хибридни М-модели

    Спортската поделба на „BMW“ тестира прототипови на „М“-машини опремени со хибридни погонски единици. Ова го најави потпретседателот на „BMW M GmbH“ – Дирк Хакер, во…

  • Bentley Grand Convertible: Кабриолет од 3,5 милиони долари (фото+видео)

    Bentley Grand Convertible: Кабриолет од 3,5 милиони долари (фото+видео)

    Најновиот суперлуксузен „Bentley“ со отворен покрив ќе биде направен во само 19 примероци. „Bentley“ својот скапоцен „Grand Convertible“, кој благодарејќи на значително малата серија ќе…

  • Британец со германско срце: Новиот Aston Martin Vantage (фото+видео)

    Британец со германско срце: Новиот Aston Martin Vantage (фото+видео)

    Британскиот производител „Aston Martin“ го покажа својот целосно обновен модел „Vantage 2019“. Наследникот на култниот модел претрпе значајни промени и во внатрешноста и во надворешноста,…

  • Заборавениот авто-бренд се враќа во Европа (фото+видео)

    Заборавениот авто-бренд се враќа во Европа (фото+видео)

    Некогашниот германски автомобилски бренд „Borgward“, кој беше обновен во 2015-та, по половина век хибернација и чии возила од неодамна се достапни на кинескиот пазар, пристигнува…

  • Првата Škoda на струја пристигнува во 2020-та, пред тоа хибриди

    Првата Škoda на струја пристигнува во 2020-та, пред тоа хибриди

    Како дел од „Volkswagen“ групацијата, која најавува големи вложувања во секторот на возила на електричен погон, „Škoda“ исто така ќе учествува во идната „офанзива“ на…

  • Volkswagen претстави седан верзија на Polo (фото)

    Volkswagen претстави седан верзија на Polo (фото)

    Компанијата „Volkswagen“ официјално го претстави седанот „Virtus“ кој претставува седан модификација на новата генерација на хечбекот „Polo“. Моделот е изграден на модуларната платформа „MQB“ и…

  • Најсигурните автомобили во Европа според TUV

    Најсигурните автомобили во Европа според TUV

    Германската организација „TUV“ објави листа на најсигурни автомобили за периодот јули 2016-та – јуни 2017-та година. Експертите ја направија листата врз основа на 10 милиони…

  • Најверојатно наследникот на WRX STI ќе биде хибрид

    Најверојатно наследникот на WRX STI ќе биде хибрид

    Идниот наследник на „Subaru WRX STI“ не само што ќе се раздели со името „Impreza“, туку и со својот сегашен 2,5-литарски турбо мотор. Сепак, седанот…

  • Bentley почна да работи на својот прв електричен автомобил

    Bentley почна да работи на својот прв електричен автомобил

    Инженерите на „Bentley“ почнаа да работат на првиот електричен автомобил на брендот. Информацијата беше потврдена од страна на шефот на британскиот концерн Волфганг Дирхајмер. Тој…