Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,297.60 -0.03%    GRNT 870.00 -0.99%    KMB 2,883.30 -1.59%    KPSS 485.00 -2.81%    KVAS 10,670.00 -3%    MPT 30,201.00 -2.58%    MTUR 4,700.00 2.17%    OKTA 3,300.00 10%    PKB 14,500.00 0.07%    RZUS 120.00 -1.64%    SBT 2,219.26 -0.89%    STB 938.54 -1.78%    STIL 134.00 3.08%    TEL 279.00 -0.49%    TNB 13,300.00 0.4%    TPLF 1,601.00 -0.32%    TTK 776.00 -3%    

ЕП одобри уште 500 милиони евра за борба против невработеноста на младите

Време: 10:15

Датум: септември 14, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Европскиот парламент (ЕП) одобри дополнителни 500 милиони евра за Иницијативата за невработеност на младите, како дел од зголемувањето од 1,2 милијарди за периодот 2017-2020-та.

Пратениците го усвоија планот со 574 гласови во корист, против беа 113 и двајца воздржани, додавајќи 500 милиони евра во буџетот на ЕУ за 2017-та година, информира ЕП.

Во својата резолуција за Предлогот за изменување и дополнување на буџетот, тие ја повикуваат Комисијата и земјите-членки да обезбедат дека сите 500 милиони евра се потрошени до крајот на 2017-та година.

„Борбата со невработеноста кај младите останува еден од главните предизвици со кои се соочува ЕУ, бидејќи во некои региони е драстично висока. Затоа 500 милиони евра оваа година не може да бидат крајот. Парламентот ќе продолжи да се бори за повеќе финансиски средства за борба против невработеноста на младите“, рече известувачот на ЕП, Јенс Гајер.

Во април 2017-та година, европратениците поддржаа ревизија на долгорочниот буџет на ЕУ. Ова доведе до дополнителни 6 милијарди евра за работни места, за раст и борба против миграцијата, вклучувајќи 1,2 милијарди евра за Иницијативата за вработување на младите (ИУД) помеѓу 2017-та и 2020-та година.

Иницијативата за вработување на младите беше лансирана во 2013-та година за да им помогне на младите луѓе кои не учат, не се обучуваат и не работат. Тие мора да бидат на возраст под 25 години и да живеат во регион каде невработеноста кај младите е над 25% во 2012-та година.

Според Европската комисија, Иницијативата обезбеди директна помош за повеќе од 1,4 милиони млади луѓе од 2013-та година (податоци од октомври 2016-та година).

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Шинзо Абе размислува за нови даночни олеснувања за јапонските компании

    Шинзо Абе размислува за нови даночни олеснувања за јапонските компании

    Јапонскиот премиер Шинзо Абе размислува да воведе нови даночни намалувања со цел да ги поттикне компаниите да ги зголемат платите и да ги забрзаат капиталните…

  • Moody’s го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Велика Британија

    Moody’s го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Велика Британија

    Меѓународната рејтинг агенција „Moody’s“ го намали долгорочниот рејтинг на британскиот долг од „А1“ до „Аа2“ со стабилна перспектива, објави „Ројтерс“. Причината е несигурноста поврзана со…

  • Туристичката индустрија во Кина ќе ги надмине Индија и САД за една деценија

    Туристичката индустрија во Кина ќе ги надмине Индија и САД за една деценија

    Туристичката индустрија во Кина се очекува да порасне за просечно 8% годишно од 2017-та до 2027-та година, пред другите големи економии, како што се Индија…

  • Ако се прашувавте зошто Швеѓаните се таму каде што се

    Ако се прашувавте зошто Швеѓаните се таму каде што се

    Граѓаните на земјите од ЕУ, во просек работат 35,6 години, што е за 1,8 години подолго отколку во 2006 година. Според податоците на Евростат, траењето…

  • Швајцарците ќе продаваат чист воздух од Алпите

    Швајцарците ќе продаваат чист воздух од Алпите

    Швајцарски стартап флашираше воздух од Швајцарија и како таков ќе го продава на жителите на многу загадените држави и градови како на пример Кина и Индија.…

  • За детски едукативни инсталации во Скопје ќе се потрошат 4,7 милиони денари

    За детски едукативни инсталации во Скопје ќе се потрошат 4,7 милиони денари

    Градот Скопје по спроведената постапка за јавна набавка и објавениот конкурс за избор на идејно решение и реализација на детски едукативни инсталации во парк „Македонија“,…

  • Тереза Меј ја претстави понудата на Британија за излез од ќор-сокакот во преговорите за Брегзит

    Тереза Меј ја претстави понудата на Британија за излез од ќор-сокакот во преговорите за Брегзит

    Британската премиерка Тереза Меј ги соопшти предлозите за двегодишниот транзициски период по излегувањето на Велика Британија од ЕУ во март 2019 година. Таа сака за…

  • Македонија – седиште на центарот за културна соработка меѓу Kина и 16 земји на Централна и Источна Европа

    Македонија – седиште на центарот за културна соработка меѓу Kина и 16 земји на Централна и Источна Европа

    На третиот форум за соработка помеѓу Кина и земјите на Централна и Источна Европа (16+1), кој деновиве се одржа во Хангџоу, Кина, беше потпишан меморандум…

  • Доставени 13.580 барања до Бирото за судски вештачења за проценка на штетите од пролетните мразеви

    Доставени 13.580 барања до Бирото за судски вештачења за проценка на штетите од пролетните мразеви

    Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до Бирото за судски вештачења, достави 13.580 барања за проценка на штетите од неповолните климатски настани (доцни пролетни мразеви),…

  • АВРМ со ново работно време

    АВРМ со ново работно време

    Од понеделник, 25 септември, работното време на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) и нејзините подрачни центри ќе почнува во 7.30 часот, а ќе…