25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСедум тимови во Ф1 немаат пари за мотори

Седум тимови во Ф1 немаат пари за мотори

trka

Сериозен проблем излезе на виделина во Формула 1 во пресрет на трката од Големата Награда на Монако која ќе се вози на 26-ти мај. Според информациите седум од тимовите кои оваа сезона учествуваат во шампионатот следната сезона нема да бидат во можност да си дозволат да купат мотори.

Како што е познато од 2014-та година во Формула 1 ќе се користат V6 1.6-литарски турбо мотори. Трите производители на агрегати Рено, Ферари и Мерцедес кои испорачуваат мотори за тимовите веќе ги најавија цените за истите.

Мерцедес и Ферари се фабрички тимови и тие мотори ги добиваат бесплатно. Од останатите тимови само Ред Бул и Мекларен може да си дозволат да купат мотор за следната сезона.

Рено најави дека сака 23 милиони евра од тим за да испорачува мотори во 2014-та година, а пак Мерцедес ја намали почетната цена од 20 на 18 милиони евра. Најевтини се агрегатите на Ферари 15 милиони евра.

Мекларен ќе мора да си купува мотори само во 2014-та година, бидејќи од 2015-та година на тимот ќе добива бесплатни мотори од производителот Хонда со кого случија соработка. Лотус исто така ги свртува своите погледи кон јапонската компанија. Што ќе преземат останатите тимови се уште не е познато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП