24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвробаскет: Србите ја совладаа Италија и се пласираа во полуфиналето

Евробаскет: Србите ја совладаа Италија и се пласираа во полуфиналето

Србија ја комплетира полу-финалната четворка на 40.Европско првенство во кошарка, чија завршница се игра во Истанбул. Србите во четврт-финалето ја победија Италија со 83:67.

Србите одиграа беспркорен меч против Италија, со исклучок на воведните четири минути, ја имаа контролата врз играта, во која максимално ги искористија своите предности. Италија немаше решение за вискоите играчи на Србија (Марјановиќ, Кузмиќ) и за пик играта на противникот. Во одбраната Србите вршеа константен притисок врз топката и успеаја целосно да ги неутрализираат двајцата најдобри Италијанци Белинели и Датоме.

Богдановиќ беше најефикасен кај Србија со 22 поени, а уште четворица негови соиграчи постигнаа двоцифрен број на поени. Белинели и Датоме ја предводеа Италија , но со лоши проценти на реализиција. Белинели постигна 18, а Датоме 15 поени.

Србија во полу-финалето, во петок од 20:30 часот, ќе игра против Русија од која загуби во групата 72:75. Ден претходно во истиот термин својот полу-финален суел ќе го одиграат Словенија и Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП