19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвробаскет: Русија по победата на Грција ќе игра во полуфиналето (видео)

Евробаскет: Русија по победата на Грција ќе игра во полуфиналето (видео)

Кошаркарите на Русија ќе играат во полуфиналето на 40. Европско првенство бидејќи ја совладаа Грција 74:69 во четврт-финалето.

Русија до победата стигна со пресврт кога во дел од натпреварот имаше негатива од 13 поени (22:35). Најзаслужен за триумфот на Русите повторно беше Алексеј Швед, иако имаше лош процент на реализиција. Сепак, бекот на Химки во третата четвртина постигна 13 од 20 поени за својата репрезентација.

Швед на крајот заврши со 26 поени, 5 асистенции и 7 загубени топки, а одличен меч одигра и центарот Тимофеј Мозгов (15 поени, 10 скока).

На спротивната страна Ник Калатес забележа 25 поени и 5 асистенции, а Јоргос Принтезис забележа 19 поени.

Русија во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот Италија-Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП