18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдложена четвртата рунда преговори за Брегзит

Одложена четвртата рунда преговори за Брегзит

Со цел да им се даде повеќе време на преговарачките тимови за градење на простор за флексибилност, ЕУ и Велика Британија заеднички одлучиле да ја одложат четвртата рунда преговори меѓу Брисел и Лондон, соопшти британската влада.

Во соопштението се наведува дека, новите преговори се одложени за една недела, односно ќе започнат на 25 септември.

Со одложувањето се очекува и обезбедување на напредок во целиот преговарачки процес.

Третата рунда преговори, заврши без напредок и со отворени несогласувања и меѓусебни обвинувања на двете страни.

Поради несогласувањата на шефовите на преговарачките тимови, Мишел Барние и Дејвид Дејвис, интервенираше Меј. Таа побара да бидат забрзани преговорите за Брегзит.

Пратенците во британскиот Парламент вчера го усвоија Законот за излез на Велика Британија од Европската унија, со што се овозможува тој да влезе во следната фаза на парламентарната процедура.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер наведе во неговиот извештај, дека Велика Британија „набрзо ќе зажали за Брегзит“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП