19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWhatsApp тестира опција која сите ја чекаат

WhatsApp тестира опција која сите ја чекаат

Се чини дека „WhatsApp“ ги следи чекорите на конкурентните компании, како што се „Telegram“, „WeChat“ и „Viber“ и воведува опција која ќе им овозможи на бришење на пораките кои се случајно испратени, пред примателот да ја прочита.

Компанијата исто така започнува со тестирање на функционалноста на опциите на „Android“ и „iOS“. Инсајдери тврдат дека подготвуваат посебен сервер на кој пораките ќе бидат пред да стигнат кај тој што се наменети.

Според сликите кои ги објави „WABetaInfo“, „отповиканите“ пораки ќе исчезнат и од нотификациите на „Android“ и „iOS“.

Гласините за пристигнувањето на новите опции започнаа да циркулираат откако некои корисници се применија некои траги во промената во кодот на „WhatsApp“.

Покрај тоа, „Delete for everyone“ опцијата веќе се појави во бета верзија во август за „Windows Phone“. Tочниот датум за пристигнување на оваа опција се уште е непознат, што значи дека и натаму мора да бидете внимателни кога ќе испраќате пораки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП