Драмскиот театар ги намали цените на билетите за претставите. Со почетокот на новата сезона направивме и промена на цената за билетите, велат од Драмски.
„Цената на билетот за претставите кои се на редовниот репертоар отсега ќе изнесува 200 денари за сите љубители на театарот, освен за оние кои се сè уште ученици и студенти, за кои цената на билетот ќе изнесува 150 денари. Премиерните изведби на претставите ќе чинат 300 денари, додека цената на билетот за детските претстави останува непроменета, односно 150 денари“, пишува во известувањето од Драмски театар.