19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромоција на ИноПлатформа во Охрид-европски проект под лидерство на Центарот за Управување...

Промоција на ИноПлатформа во Охрид-европски проект под лидерство на Центарот за Управување со знаење од Македонија

Денеска во Охрид се промовираше ИноПлатформа, европски проект под лидерство на Центарот за Управување со знаење од Македонија.  ИноПлатформа е двегодишен проект, финансиран од Интерег Програмата на Европската Унија за Балканско-Медистеранската област, спроведуван од 6 организации и институции од 5 земји на БМ област: Македонија, Кипар, Грција, Бугарија и Албанија.

ИноПлатформа ќе работи во делот на зголемување на постоечкото знаење за иновации во бизнис моделите кое би се преточило во развој на алатки (InnoTools) и сервиси (InnoScoreard и InnoRegion), и воспоставување на инфраструктура на Центри за извонредност во иновации, чија заедничка цел е подобрување на можностите, капацитетите и знаењето на МСП-ја во воведувањето на иновации и зголемување на конкурентноста.

 “Целта на овој проект, кој официјално стартува денес, е да ја зголеми конкурентноста на малите и средни претпријатија од регионот преку подобрување на иновативниот еко систем. Новината во оваа иницијативата или state of the art е тројна:

  • Согледување на трендовите во иновациите на бизнис моделите кои се случуваат во регионот со посебен фокус на оние модели кои ја поттикнуваат интернационализацијата.
  • Развој на серија на практични иновативни алатки и сервиси чија цел е да бидат едноставни водилки за поддршка на иновативниот процес кај МСП-ја во регионот;
  • Воспоставување на инфраструктура на Центри на извонредност во иновациите, лоцирани во сите пет земји од Балканско—медитеранската област за подобрување на пристапот на МСП-ја до знаење и експертиза во делот на иновациите.

Особено сме горди на успехот на ИноПлатформа при селекцијата на проектите бидејќи сме едниствен проект во Интеррег Балканско-Медитеранската програма (2014-2020) кој го води проектен лидер од земја која не е членка на ЕУ. “, изјави г-ѓа Андријана Богдановска, директор на Центарот за Управување со знаење на денешниот иницијален состанок на организациите вклучени во реализација на овој проект кој се одржува во Охрид.

Носител на проектот InnoPlatform е Центарот за Управување со знаење.

Повеќе информации на: http://www.knowledge-center.org

Проектот е финансиран преку првиот повик на програмата на Европската Унија Interreg BalkanMed Programme 2014-2020.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП