Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,350.00 1.64%    GRNT 783.48 -3.09%    KJUBI 1,400.00 0%    KMB 2,664.47 -1.21%    MPT 26,344.44 0.14%    MTUR 4,250.00 0.62%    OKTA 2,750.00 8.7%    TEL 271.93 -0.03%    TETE 1,800.00 -7.12%    TNB 13,472.07 -0.21%    TPLF 1,583.40 -1.36%    TRPS 1,500.00 0%    TTK 810.00 0.78%    

Македонија најнепродуктивна во Европа!

Време: 14:14

Датум: септември 13, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Македонија е на европското дно според продуктивноста на работниците. На речиси исто ниво е и Бугарија, а најдобро се рангирани Луксембург и Норвешка.

Според официјалните податоци на Евростат еден работник за еден час во земјава создава само 42.9% додадена вредност од просекот што го прават неговите колеги на ниво на Европската Унија.

Минимално подобро рангирана од Македонија е Бугарија со 43%. Романија има 56.3%, Хрватска 73.1%, Словенија 79.8%, Грција 87.1%. Најпродуктивни се работниците во Луксембург со 163.2% од просекот, па Норвешка 152.5% и Швајцарија со 122.5%. Во податоци ги нема Србија, Босна, Албанија и Косово.

Податоците на Народната Банка (НБРМ), пак, покажуваат дека продуктивноста во македонската економија има тенденција на минимален раст. Лани нејзиниот раст бил 0.1 процент. НБРМ продуктивноста ја пресметува по формулата сооднос меѓу Бруто домашниот производ и бројот на вработени.

Старата технологија и рачната работа се главната причина за непродуктивноста, велат бизнисмените според кои мора многу повеќе да се вложува во современи машини и автоматизирано производство.

„Конкретно во мојата бранша, текстилот, главен проблем е застарената технологија која се применува. Тука е разликата. Мора да се работи на воведување на нови технологии а за тоа ни се потребни пари. Има кредити со релативно ниски камати но роковите за враќање се прекратки. Потребни се сериозни мерки и државна стратегија за секторот“ вели сопственик на конфекција која вработува 150 луѓе во Штип.

Друг проблем се и самите квалификации на работниците – треба повеќе да се работи на прилагодување на образовниот систем на потребите на пазарот на труд – теоретската настава да биде поткрепена со практична обука.

„Каскаме. Но, мислам дека генерално и сите каскаат и тоа главно заради несоодветноста на образовниот систем. Едноставно нашите образовни системи се фокусирани на квалификации кои се формално образование, притоа заборавајќи ги вештините, кои се она што ќе биде потребно во иднина“, изјави неодамна д-р Никица Мојсоска – Блажевски.

Дел од бизнисмените посочуваат уште друг проблем – менталитетот. Според нив работниците тешко се прилагодувале на новиот капиталистички систем.

„Ние имавме трансформација на нашето стопанството од социјалистичко во капиталистичко и нашите вработени се уште имаат остатоци од тој систем и од тоа време“ вели сопственик на фабрика за производство на делови за земјоделски машини.

К. Н.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Оваа година Општина Центар нема да троши пари за пречек на Нова година

    Оваа година Општина Центар нема да троши пари за пречек на Нова година

    Општина Центар оваа година нема да троши пари за организирање новогодишна прослава за граѓаните. Градоначалникот Саша Богдановиќ рече дека на скверот „Јадран“, сепак ќе им…

  • Изменет сообраќаен режим во општина Чаир

    Изменет сообраќаен режим во општина Чаир

    Од општина Чаир известуваат дека поради изведување на работи за асфалтирање на ул. „Втора Македонска Бригада“, затворена за сообраќај ќе биде патната зона од кружниот…

  • НБРМ донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за начинот на вршење супервизија и надзор

    НБРМ донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за начинот на вршење супервизија и надзор

    Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата тринаесетта седница на која ја разгледа и ја донесе Одлуката за изменување и дополнување…

  • Шпанската економија може да плати висока цена ако продолжи кризата во Каталонија

    Шпанската економија може да плати висока цена ако продолжи кризата во Каталонија

    Економијата во Шпанија може да плати висока цена поради барањето за независност од страна на Каталонија, рече „Bloomberg“. Додека премиерот Маријано Рахој интервенираше да го…

  • Ново Лисиче бара подземни контејнери кај градинката „Бубамара“ на булеварот АСНОМ

    Ново Лисиче бара подземни контејнери кај градинката „Бубамара“ на булеварот АСНОМ

    Жители на Ново Лисиче во Скопје барат контејнерите на булеварот АСНОМ во близина на градинката „Бубамара“ да бидат подземни. Сега тие се над земја и…

  • Денови на италијанска кујна со светски познатата готвачка Катерина Чераудо

    Денови на италијанска кујна со светски познатата готвачка Катерина Чераудо

    Израсната на семејната фарма со традиција од 16-тиот век, опкружена со винови насади и маслинови градини, дипломиран енолог на Универзитетот во Пиза и искуство во…

  • Во Скопје не се дише

    Во Скопје не се дише

    Синоќа во Скопје загадувањето беше на многу високо ниво. Мерните станици покажуваат дека концентрација на ПМ 10 честичките во текот на ноќта биле високо над дозволеното.…

  • Започна големата акција за чистење на Скопје

    Започна големата акција за чистење на Скопје

    Со цел да се намали загаденоста во главниот град, градските власти од општина Бутел ја почнаа големата акција за чистење на улиците, која ќе се…

  • ФЕД сигнализираше за зголемување на каматните стапки во декември

    ФЕД сигнализираше за зголемување на каматните стапки во декември

    Американските федерални резерви се подготвува да ја укинат основната камата во САД во декември и покрај се уште постоечката дебата за тоа меѓу редовите на…

  • Земјите од ЕУ се поделија на две – со високи и со ниски плати

    Земјите од ЕУ се поделија на две – со високи и со ниски плати

    Економскиот раст, веќе забележан во сите земји на ЕУ, е проследен со постојано подобрување на пазарот на труд и социјалната состојба, а вработувањето достигна рекордно…