23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛежи на 200 видови руда, ова е нејзиното богатство

Лежи на 200 видови руда, ова е нејзиното богатство

Северна Кореја можеби нема докажани резерви на нафта, но лежи на резерви од повеќе од 200 минерални руди, чија вредност е проценета на околу 10.000 милијарди долари.

Не постојат официјални податоци за тоа колку навистина вреди севернокорејското рудно богатство, но според грубите проценки од почетокот на оваа деценија, севернокорејските резерви на јаглен, рудата од железо, цинк, бакар, графит, злато, сребро, магнезит, молибден и многу други метали, вреди меѓу 6.000 и 10.000 милијарди долари, пренесува Раша тудеј.

Пред распадот на Советскиот Сојуз, официјален Пјонгјанг во голема мера беше посветен на рударските активности и трговијата со соседните комунистички партнери.

Меѓутоа, рударската индустрија на почетокот на 90-тите години од минатиот век доживеа колапс, поради децениите занемарување и недостатокот на средства за развој на инфраструктурата која би ги поддржала рударските активности.

Севернокорејскиот рударски сектор сега е под целосна забрана на Обединетите нации, бидејќи Пјонгјанг во изминатите месеци го зголеми бројот на нуклеарни проби и ја засили воинствената реторика.

ОН минатата година започнаа да ја забрануваат трговијата со метали на Пјонгјанг, наведува РТ, потсетувајќи дека само од трговијата со јаглен Северна Кореја генерирала годишни приходи од повеќе од милијарда долари.

Целта на санкциите е, како што наведува РТ, да се запре севернокорејската трговија со руда и режимот на Ким Јон г Ун да остане без потребните средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП