25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради повреда Погба ќе отсуствува неколку недели

Поради повреда Погба ќе отсуствува неколку недели

Манчестер Јунајтед со рутинска победа над Базел (3:0) се врати во Лигата на шампионите, но она што го загрижува Жозе Мурињо е повредата на Пол Погба, кој против швајцарскиот шампион одигра само 17 минути.

Пол Погба мечот со Базел го започна со капитенската лента на раката, но на теренот остана нецели 20 минути. Поради повреда тој мораше да биде заменет.

„Искуството ми говори дека се работи за повреда на мускулот. Мислам дека неколку недели нема да биде во тимот“, рекол менаџерот на Манчестер Јунајтед.

Во наредниот период „црвените ѓаволи“ ќе играат против Евертон, Бартон Албион, Саутемптон, ЦСКА Москва и Кристал Палас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП