28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМекларен се збогува со Хонда, Рено ќе ги снабдува со мотори

Мекларен се збогува со Хонда, Рено ќе ги снабдува со мотори

Екипата на Мекларен го раскина договорот со Хонда и од наредната сезона ќе ги користи моторите на Рено, пренесе „Аутоспорт“.

Јапонската компанија пред две и пол години се врати во Формула 1, но новата ера на соработка со британскиот тим донесе исклучително лоши резултати. Во последните три сезони возачите на Мекларен имаа низа проблеми поради моторите на Хонда, кои неретко завршуваа со казни.

Хонда минатата година го унапреди моторот, но оваа година направи неколку чекори назад, поради што на почетокот на сезоната почнаа шпекулациите дека Мекларен ќе го раскине договорот.

Мекларен долго време бараше доверлив партнер, а како единствена реална опција се појави Рено.

Извори блиски до британскиот тим потврдиле дека Мекларен постигнал договор за тригодишна соработка со Рено.

Според договорот, Мекларен ќе ги добива истите мотори кои ги користат фабричкиот тим на Рено и Ред Бул, додека Торо Росо ќе се префрли на Хонда, што исто така стои во договорот.

Познавачите на состојбите во Формула 1 тврдат дека благодарение на договорот со Рено, Мекларен е блиску да го обезбеди потписот на Фернандо Алонсо на подолг период .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП