29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДелови од Центар, Кисела Вода и неколку скопски села утре без струја

Делови од Центар, Кисела Вода и неколку скопски села утре без струја

Корисниците од улиците „Виктор Иго“, „Мишко Михајловски“, „456“, ОУ „Златан Сремац“, како и од делови од улиците „Емил Зола“ и „Киро Крстевски“ во општина Кисела Вода утре од 8:30 до 16 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 10 часот, без струја ќе бидат и корисниците од кањон Матка, хотелот, црквата и изложбениот центар на ЕВН во општина Сарај, а од 9 до 11 часот корисниците од улица „Ениџе Вардарско“ во општина Кисела Вода.

Во периодот од 9 до 12 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат и корисниците од улиците „1“, „6“ и „7“ во село Батинци, од 11 до 15:30 часот, дел од корисниците од село Семениште, а од 12 до 15 часот дел од корисниците од улиците „Борка Талески“, „Христо Смирненски“ и „9 Мај“ во општина Центар.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП