Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,350.00 1.64%    GRNT 783.48 -3.09%    KJUBI 1,400.00 0%    KMB 2,664.47 -1.21%    MPT 26,344.44 0.14%    MTUR 4,250.00 0.62%    OKTA 2,750.00 8.7%    TEL 271.93 -0.03%    TETE 1,800.00 -7.12%    TNB 13,472.07 -0.21%    TPLF 1,583.40 -1.36%    TRPS 1,500.00 0%    TTK 810.00 0.78%    

Барса го демолира Јувентус, рутина за скапите „светци“ и „ѓаволи“ (видео)

Време: 09:51

Датум: септември 13, 2017

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалерите на Барселона го совладаа Јувентус со 3:0, на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите. Барса успеа да му се реваншира на Јувентус за елиминацијата во четврт-финалето, во претходната сезона.

Дербито на првото коло во елитното натпреварување мина во знакот на Лионел Меси, иако и Јувентус имаше свои шанси во раната фаза на натпреварот.

Во судиското надополнување на времето во првиот дел Меси го постигна првиот гол. Голот во 46.минута беше прв кој Аргентинецот го постигнал против Џиџи Буфон. По акцијата на меси во 56.минута Ракитиќ го постигна вториот гол, а точка на натпреварот стави Меси во 69.минута.

Во вториот меч во оваа група Спортинг славеше кај Олимпијакос со 3.2. Португалскиот тим имаше 3:0 со головите на Думбија, Мартинс и Фернандес, а во последните четири минути Пардо со два гола избори чесен пораз за грчкиот шампион.

Манчестер Јунајтед по неколкугодишна пауза со триумф се врати во Лигата на шампионите. Погба се повреди по само 17 минута игра, а неговата замена Фелаини прв го совлада голманот на Базел. Во второто полувреме победата на јунајтед ја потврдија Лукаку и Рашфорд.

Во оваа група ЦСКА успеа да ја изненади Бенфика во Лисабон и да слави на „Луж“ срадионот со 2.1.

Б групата очекувано донесе лесни победи на фаворитите во првото коло. ПСЖ, во Глазгов, го декалсира Селтик со 5:0. Нејмар, Мбапе и Кавани стрелаа прецизно во првото полувреме, потоа Лустинг постигна авто-гол, а точка на мечот стави Кавани со својот втор гол.

Лесна победа запиша и Баерн против Андерлехт 3:0. Гостите од 12.минута играа со играч помалку, во истата минута Левандовски погоди од пенал, а во вториот дел по еден гол постигнаа Алкантара и Кимих.

Дебитантот во Лигата на шампионите Карабаг доживеа вистински дебакл на „Стенфорд Бриџ“ од Челси, во Ц групата. Челзи победи 6:0 со головите на Педро, Запакоста, Аспиликуета, Бакајоко, Батшуаи и авто-голот на Медведев.

Во вториот меч од групата Рома играше против Атлетико. Римскиот тим од пораз пред своите навивачи го спаси голманот Алисон, кој одбрани неколку тешки топки, по обидите на Саул, Вието и Кореа, еднаш Манолс успеа да интервенира на гол линијата по ударот на Коке, а во 91.минута Саул имаше неверојатно промашување.

Група А:

Манчестер Јунатед-Базел 3:0
Бенфика-ЦСКА Москва 1:2

Група Б:

Селтик-ПСЖ 0:5
Баерн Минхен-Андерлехт 3:0

Група Ц:

Рома-Атлетико Мадрид 0:0
Челси-Карабаг 6:0

Група Д:

Барселона-Јувентус 3:0
Олимпијакос-Спортинг Лисабон 2:3.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • По што се разликува Black Friday во Македонија и во Америка

    По што се разликува Black Friday во Македонија и во Америка

    Продавниците, големите трговски брендови и шопинг центрите низ Македонија го најавија најголемиот шопинг ден во годината – Black Friday. Оваа кампања застапена на глобално ниво…

  • 324 барања пристигнаа за субвенции за купување печки на пелети

    324 барања пристигнаа за субвенции за купување печки на пелети

    Со 324 барања од граѓаните на подрачјето на Град Скопје за субвенции за купување печки на пелети, заклучно до вчера, заврши јавниот повик за надоместување дел…

  • Улицата Втора македонска бригада ќе биде затворена два дена

    Улицата Втора македонска бригада ќе биде затворена два дена

    Градот Скопје ги известува граѓаните дека од денеска до сабота за сообраќај ќе биде затворена улицата Втора македонска бригада, на делницата од улицата Лазо Трповски…

  • Заев-Борисов: Испраќаме силна порака во регионот и во светот дека вака се гради пријателство (видео)

    Заев-Борисов: Испраќаме силна порака во регионот и во светот дека вака се гради пријателство (видео)

    Претседателите на владите на Република Македонија и на Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, одржаа прес-конференција на која информираа за резултатите од заедничката седница…

  • Лондон сака да се ослободи од дел од своите акции во RBS

    Лондон сака да се ослободи од дел од своите акции во RBS

    Велика Британија планира да го намали државното учество во спасената банка од даночните обврзници „Royal Bank of Scotland“ (RBS). Државата има намера да ги продаде…

  • ЕУ усвои инвестициски план од 44 милијарди евра за Африка

    ЕУ усвои инвестициски план од 44 милијарди евра за Африка

    ЕУ усвои нов инвестиционен план за Африка, во рамките на кој се надева дека ќе привлече под своја гаранција средства на приватни инвеститори во износ…

  • Луксузна вила во Аризона (фото)

    Луксузна вила во Аризона (фото)

    Оваа симпатична и луксузна вила во Аризона е опкружена со неверојатно убави пејсажи… Прекрасниот панорамски поглед на „Desert Mountain“ во Аризона го инспирирал сопственикот и…

  • Subaru го најави својот кросовер со 7 седишта

    Subaru го најави својот кросовер со 7 седишта

    „Subaru“ објави втора официјална слика на својот нов кросовер со 7 седишта, кој ќе се нарекува „Ascent“. Премиерата на моделот ќе се одржи на 28-ми…

  • Што се можеме да излекуваме со зелката

    Што се можеме да излекуваме со зелката

    Зелката на нашите простори се користи и како храна и како лек, благодарение на нејзините богати витамински состојки. Освен тоа што има само 40 калории…

  • Британија надвор од групата на петте водечки глобални економии

    Британија надвор од групата на петте водечки глобални економии

    Британскиот министер за финансии, Филип Хамонд призна дека Велика Британија повеќе не е меѓу петте водечки глобални економии, претставувајќи го во парламентот извештајот за мрачниот…