23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо чест на Брајант, Лејкерси ќе ги повлечат неговите броеви

Во чест на Брајант, Лејкерси ќе ги повлечат неговите броеви

Лос Анџелес Лејкерс на посебна церемонија, која ќе се одржи на 18.декември во „Стејплс Центар“ ќе го повлечат дресот на Коби Брајант.

Церемонијата ќе биде навистина посебна бидејќи Лејкерси ќе ги повлечат двата броја кои Коби ги носеше во текот на својата кариера, 8 и 24.

Брајант дресот со број 8 го носеше од своето деби во 1996 до сезоната 2005/2006, кога започна да го носи бројот 24, со кој и ја заврши кариерата.

Коби Брајант кариерата ја заврши по завршувањето на сезоната 2015/2016 во дресот на ЛА Лејкерс, тим во кој ја мина целата кариера. Легендата на „езерџиите“ со тимот освои пет шампионски титули, два пати бил прогласуван за МВП на финалната серија, а еднаш беше и МВП на регуларниот дел од сезоната.

Брајант кариерата ја заврши со просечни 25 поени по натпревар, а на листата на најдобри стрелци се наоѓа на третото место. Пред него се само Карл Мелоун и Карим Абдул-Џабар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП