19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар супериорен во Суперкупот

Вардар супериорен во Суперкупот

Вардар го освои и петтиот трофеј годинава и повторно се запиша во историјата на македонскиот ракомет како победник на првиот Суперкуп на Македонија. Во натпреварот кој е најава за почетокот на сезоната во домашното првенство Вардар со 30-25 (19-12) го победи Еурофарм Работник.

Годинава Вардар прво триумфира во регионалната СЕХА-лига, потоа во домашниот куп, во ЕХФ-лигата на шампионите и домашното првенство комплетирајќи ја најплодната клупска сезона во историјата.

Вардар настапи и Супер Глоуб во Катар (неофицијалното клупско светско првенство) каде што го освои третото место.

Фаворитската улога Вардар против Еурофарм Работник ја оправда дури и со комбиниран тим, дури и со многуте измени во седморката и играњето на оние што што поретко влегуваат во игра.

Вардар настапи без Страхиња Милиќ, Лука Циндриќ, Игор Карачиќ, Вуко Борозан, кои поради правилото на ограничување на бројот на странски ракометари останаа на трибините заедно со Владо Недановски.

Затоа голманот Даниел Ѓорѓески доби доверба да брани цел натпревар, а во второто полувреме тоа го добија и Тоше Ончев и Мартин Поповски.

По пауза од неколку натпревари, во екипата се врати Рожерио Мораеш.

Шишкарев, Кристопанс и Канељас со по четири гола беа најефикасни во редовите на актуелниот европски првак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП