20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвробаскет: Шпанија ја совлада Германија и избори пласман во полуфиналето (видео)

Евробаскет: Шпанија ја совлада Германија и избори пласман во полуфиналето (видео)

Шпанија избори пласман во полуфиналето на 40. Европско првенство во кошарка. Актуелните шампиони во четврт-финалето ја победија Германија 84:72 (19:16, 14:18, 20:31, 19:19).

Германија благодарение на агресивната игра во одбраната и расположениот Денис Шредер против големиот фаворит имаше активен резултат сè до 27. минута кога на сцена стапи помладиот Гасол, Марк, кој во три минути им ги растури сништата на Германците дека може да приредат сензација.

При предноста на Германија од четири поени Марк Гасол беше испиратор на серијата 22:6, со која Шпанците по три четвртини го решија прашањето на победникот.

Марк во таа серија постигна 13 поени, од кои три тројки во низа, а натпреварот го заврши со дабл-дабл од 28 поени и 10 скока. Неговиот брат Пау на крајот имаше 19 поени, а двоцифрен ефект забележа и Серхио Родригез (11 поени, 7 асистенции).

Германија ја предводеа Шредер со 27 поени, 8 асистенции, но и 7 загубени топки и Даниел Тајс со 15 коша.

Шпанија во полуфиналето за противник ќе го има победникот од натпреварот помеѓу Летонија и Словенија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП