28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвробаскет: Словенија ја совлада Летонија (видео)

Евробаскет: Словенија ја совлада Летонија (видео)

Словенија ќе игра во полу-финалето на Европското првенство во кошарка, откако во извонреден меч, во четврт-финалето ја победи Летонија со 103:97 (34:23, 17:32, 25:11, 27:31).

НБА натпревар одиграа Словенија и Летонија во „Синан Ерден Арена“ во Истанбул. Двете репрезентации го покажаа сиот свој напаѓачки потенцијал, а решавачка за победата се покажа третата четвртина.

Словенците го торпедираа летонскиот кош во првата четвртина, во деветтата минута имаа 30:15, но Латвијците возвратија со иста мерка во вториот период (17:32) и на полувреме имаа предност 51:55.

Третата четвртина Словенците ја започнаа фуриозно, Латвијците не може да погодат ништо и за само четири минути Словенија повторно стигна до двоцифрена предност.

Латвија во последниот период се обиде да се врати во мечот, разлика во еден момент беше само два поени за Словенија, но тинејџерот Дончиќ со две тројки повотрно ја однесе својата репрезентација на безбедна предност и до полу-финле со Шпанија.

Бековската двојка на Словенија блескаше на натпреварот Дончиќ забележа 27 поени и 9 скокови, а Драгиќ заврши со 26 поени, 6 скока и 8 асистенции.

Брилијантен меч на другата страна одигра Прозингинс кој постигна 34 поени, а Давис Бертанс уфрли 23 коша.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП