18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГерманското чудо од дете има 12 години… или не!? (видео)

Германското чудо од дете има 12 години… или не!? (видео)

Германското чудо од дете, 12-годишниот Јусуфа Мукоко, дебитираше за националниот тим до 16 години. Мукоко игра за Борусија Дортмунд, а за репрезентацијата до 16 години дебитираше против Австрија.

Мукоко од оваа сезона е член на тимот на Борусија за играчи до 17 години и веќе има постигнато 10 голови, четири од нив постигнал против Викторија Келн. Поради ова многумина почнаа да се сомневаат во неговите години.

Мукоко е роден во Камерун на 20 ноември 2004 година, но клубот реши да му бидат извршени дополнителни тестови со што би биле отфрлени шпекулациите околу неговата восраст.

„Тој навистина има 12 години. Кога се роди го пријавив во германскиот конзулат во Јаунде, така што тој е запишан во германската книга на родени“, рекол таткото на фубалерот.

Тој како еден од доказите ја посочил и возраста на неговата мајка.

„Мајката на Јусуфа, Мари, има само 28 години и не можеше порано да го роди“, рекол таткото Џозеф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП