28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИInstagram воведува новитет со кој ќе се поврзе со Facebook

Instagram воведува новитет со кој ќе се поврзе со Facebook

На корисниците на „Facebook“ наскоро на „newsfeed“ ќе им се појавуваат приказни од „Instagram“.

Имено, „Instagram“ ја тестира можноста неговите корисници да ги објавуваат своите постови и на „Facebook“, пишува „Daily Mail“.

Поблиска соработка на платформите

Се чини дека станува збор за дел од поголема стратегија на „Facebook“ да го префрли успехот кој со своите „Stories“ го имаше на другите платформи и на својата главна друштвена мрежа.

Некои корисници веќе споделија дека кога нешто ќе објават на „Instagram“, ја гледаат опцијата и за објавувањето на „Facebook“.

Се уште не е јасно колку овој тест ќе биде раширен, како и дали оваа можност ќе им биде понудена на сите.

„Instagram“ потврди дека врши тестирања, но не сподели никакви други информации.

„Секогаш тестираме разни начини со кои ќе го подобриме искуството на „Instagram“ и да им помогнеме на корисниците да го споделат секој момент со луѓето“, објавија од „Instagram“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП