25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПеро Антиќ повтoрно во дресот на Црвена звезда

Перо Антиќ повтoрно во дресот на Црвена звезда

Перо Антиќ (35) по една деценија повтoрно ќе го облече дресот на белградска Црвена звезда, потврди клубот на својата официјална интернет-страница.

„Некогашниот играч на Црвена звезда, Перо Антиќ, се враќа во црвено-белиот дрес откако во понеделникот потпиша едногодишен договор со актуелниот шампион на АБА и КЛС-лигата“, стои на почетокот на соопштението.

Антиќ во Црвена звезда доаѓа од Фенербахче со кого минатата сезона ја освои титулата во Евролигата. Тој на новите соиграчи ќе им се приклучи во четврток.

Искусниот крилен центар за Црвена звезда играше во периодот 2005-2007 година. Во меѓувреме настапуваше за Лукоил (двапати), Локомотив Кубан, Спартак Санкт Петербург, Олимпијакос (освои две евролиги во 2012 и 2013 година) и Атланта Хокс.

Антиќ ќе биде осмото засилување за Црвена звезда во преодниот рок по Никола Радичевиќ, Џејмс Фелдин, Тејлор Рочести, Марко Кешељ, Никола Јовановиќ, Стефан Јанковиќ, Матијас Лесор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП