19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеволт и разочараност во Автокоманда, ЕХФ пресуди дека Обрадовиќ е играч на...

Револт и разочараност во Автокоманда, ЕХФ пресуди дека Обрадовиќ е играч на Висла

Европската ракометна федерација (ЕХФ) на штета на Металург го реши спорот помеѓу клубот од Автокоманда и довчерашниот играч Немања Обрадовиќ. Српскиот интернационалец може да потпише за Висла, а Металург нема да добие никакво обесштетување, стои во пресудата од ЕХФ.

Скандалозна е одлуката на ЕХФ во случајот со Обрадовиќ, е реакцијата на раководството на клубот од Автокоманда. Според раководството на Металург, ЕХФ ги казнила оние што работеле исправно, а ги наградила оние што не ги почитувале правилата.

Разорачувањето во Металург по овој случај е големо бидејќи во клубот беа сигурни дека ЕХФ ќе пресуди на штета на играчот и (Обрадовиќ) и клубот (Висла).

„Најновиот момент е од вчера и Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека Обрадовиќ има валиден договор со Металург до идната година (јуни 2018 година). Немања е жртва на своите лоши убедувања и на манипулации на менаџери, меѓутоа тоа е нивни проблем. Металург останува на ставот, кој не е променет. Ние излеговме со компромисен предлог, го намаливме обесштетувањето од 50.000 евра на 35.000 евра, но и тоа е неприфатливо и за Висла и за нив. Вчера беа предупредени преку писмо дека Металург е единствениот субјект кој во целата ситуација е исправен и дека нема никаква вина од наша страна. Од она што го имам како сознание и што го читам во медиумите, во Белград се даваат некакви очајнички изјави. Металург никогаш не се однесувал нечовечки, особено во оваа ситуација кога на Немања му беа дадени сите услови. Тој овде беше третиран како најдобар играч, но ова сега е нивен проблем“, рече претседателот на Металург, Зоран Цветановски, на 31 август, на првата прес-конференција во новата сезона.

Во Металург веруваа во исправноста на постапките што ги влечеа во случајот со Обрадовиќ, иако не веруваа дека играчот ќе се врати во Автокоманда, но беа сигурни дека ЕХФ ќе пресуди во корист на клубот.

Вака Металург остана и без играчот и без обесштетувањето за него, што доболнително го зголеми револтот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП