19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПортугалската оаза Pine Cliffs Residence (фото)

Португалската оаза Pine Cliffs Residence (фото)

Сместен во живописниот португалски Алгарве регион, „Pine Cliffs Residence“ е прекрасен хотел кој ќе ве импресионира со својата убавина, услуга и атмосфера…

Ова одморалиште се наоѓа во малото рибарско место кое е наречено Албуфеира, кое морате да го посетите ако сакате да ја искусите убавината на живеење на стариот и едноставен начин.

„Pine Cliffs Residence“ ќе ви даде прилика да го искусите португалскиот живот и шарм. Градот во кој се наоѓа не изгубил ниту ден од својата стара магија, иако е една од најпопуларните туристички дестинации во оваа земја. Секоја сезона, овде веројатно има повеќе од 300.000 посетители од целиот свет, што доста говори за оваа уникатна локација.

„Pine Cliffs Residence“ ви нуди 154 двособни или трособни луксузни апартмани, а секој од нив има поглед на префинето уредените градини, базени или голф терени. Морате да знаете дека овде досадата не постои, бидејќи ве очекуваат бројни погодности во кои можете да уживате самостојно, со саканото лице или со целото семејство.

Овде постои интересен детски клуб, игралиште и масивен базен, додека за голферите тука се совршено уредените терени во близина на водата. На крајот од денот, секако ќе го цените фактот дека ова одморалиште има девет барови и ресторани, кои едвај чекаат да ги задоволат вашите вкусови и желби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП