Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,350.00 1.64%    GRNT 783.48 -3.09%    KJUBI 1,400.00 0%    KMB 2,664.47 -1.21%    MPT 26,344.44 0.14%    MTUR 4,250.00 0.62%    OKTA 2,750.00 8.7%    TEL 271.93 -0.03%    TETE 1,800.00 -7.12%    TNB 13,472.07 -0.21%    TPLF 1,583.40 -1.36%    TRPS 1,500.00 0%    TTK 810.00 0.78%    

Три детали кои гарантираат успех на интервјуто за работа

Време: 10:52

Датум: септември 9, 2017

Категорија: КАРИЕРА

Голем број на луѓе бараат работа, но ако не сте од оние кои можат да се потпрат на помош од пријателите и врските, ве чекаат одредени барања и процедури: интервју, составување на CV и пријавување на огласот. Ако работодавецот сте успеале да го намамите со добро напишаното CV, сте дошле до следното ниво – разговор лице во лице.

Бидејќи нема да добиете друга шанса за прв впечаток, прочитајте ги овие три важни совети од светските бизнис експерти за деталите за кои мора да водите сметка за време на интервјуто за работа.

Бидете фокусирани

Покажете дека сте фокусирани така што ќе ги истражите клучните податоци за компанијата или фирмата во која сакате да се вработите. И најмалото незнаење за фирмата е недопустливо во светот на модерна технологија. На разговорот дојдете јасно фокусирани на областа во која сакате да работите, и покажаете страст и интерес за позицијата за која аплицирате.

Бидете стабилни и самоуверени

Работодавците ценат ментално, емоционално и физички стабилни личности. Има многу кандидати за работа кои се квалификувани за одредено работно место, но нивниот очај и несигурност избиваат во прв план. Лош пример се оние кои толку го мразат своето претходно работно место или претходниот шеф, што имаат потреба да зборуваат само за тоа. Ниту еден работодавец не сака да ве слуша да зборувате лошо за претходниот шеф, бидејќи и тој сам би можел да се најде во таа позиција.

Бидете профитабилни

Профитабилност значи опстанок и раст, така што вашата способност да предложите начини на кои компанијата би можела да оствари дополнителен профит, е нешто што ќе ве издвои од останатите кандидати. За да го направите тоа, прво мора да разберете како компанијата прави пари и како вашата улога во компанијата би можела добро да се искористи.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Непријатни нешта со кои се соочува секој претприемач

    Непријатни нешта со кои се соочува секој претприемач

    Освен што претприемништвото подразбира многу работење, донесување на одлуки и одговорност, постојат уште неколку предизвици со кои секој претприемач треба да се справи… Да бидете…

  • Сакате да изградите личен бренд? Како?

    Сакате да изградите личен бренд? Како?

    Личниот бренд на многу начини е синоним за вашиот углед и се однесува на она како ве гледаат другите луѓе. Дали сте генијалец? Може ли…

  • Грешки во инвестирањето кои треба да ги избегнете

    Грешки во инвестирањето кои треба да ги избегнете

    Креирањето на портфолио кое ќе ви ја донесе посакуваната добивка, бара многу определувања на квалитетни инвестициски политики. Во таа работа, за жал, грешките се многу…

  • Што советуваат жените менаџери?

    Што советуваат жените менаџери?

    Во денешно време не е лесно да се дојде до главната позиција во компанијата, особено ако сте жена. Меѓутоа, иако мал број на жени денес…

  • Што треба да избегнувате кога давате подарок на странски бизнис партнер

    Што треба да избегнувате кога давате подарок на странски бизнис партнер

    Размената на подароци е составен дел од деловната комуникација. Меѓутоа, овој сегмент има свои правила, а особена претпазливост се препорачува доколку се работи за странски…

  • Како во само неколку чекори да се поврзете со луѓето

    Како во само неколку чекори да се поврзете со луѓето

    Бизнисот може да биде тежок и напорен, но не значи дека секогаш мора да биде така. Со воспоставувањето и одржувањето на контакт со луѓето, можете…

  • „Разубавувањето“ на биографијата како пречка на патот за пронаоѓање работа

    „Разубавувањето“ на биографијата како пречка на патот за пронаоѓање работа

    Да го измамите работодавецот кој ви нуди работа е можно, барем во првиот круг на елиминација. Тоа, меѓу остантото, го покажа и познатиот пример со…

  • Како да се опоравите од отказот?

    Како да се опоравите од отказот?

    Да добиете отказ е една од најлошите работи кои можат да ви се случат во вашата кариера. Можеби ќе се чувствувате отфрлено или посрамотено, но…

  • 10 правила за оние кои сакаат повисока плата

    10 правила за оние кои сакаат повисока плата

    Вашата сегашна плата има големо влијание на вашиот иден живот. Финансиските советници се согласуваат дека мора преку преговори да ја извлечете најдобрата плата која на…

  • Што е тоа што може да ве направи неуспешни?

    Што е тоа што може да ве направи неуспешни?

    Сакате да бидете успешни во животот? Тогаш потребно е да се замислите и свесно да почнете да размислувате што треба да правите, а што не.…