20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕУживање на италијански начин - Canne Bianche (фото)

Уживање на италијански начин – Canne Bianche (фото)

Сончевите денови, белите планински градови, шармантните села и стотиците километри плажа, го прават регионот Апулија еден од најубавите во цела Италија…

Тоа е секако место кое мора да го посетите барем еднаш во животот. Тука се наоѓа и прекрасниот „Canne Bianche“, врвниот хотел сместен на плажата, кој со својот шарм и гостопримство го претставува цело ова подрачје.

Овој фантастичен имот на плажа е сместен во малата рибарска населба Савелетри, на само триесет минути одалеченост од населбата Алберобело која е под заштита на Унеско, и на само еден час од Бари. Со приватна плажа која се наоѓа буквално пред влезната врата на хотелот, овој живописен дел на Апулија звучи магично, а судејќи според фотографиите ова место и изгледа така.

Целокупната естетика на „Canne Bianche“ инспирира мир, комфор и луксуз, додека хотелот нуди доволно простор за 55 гости во својот неверојатен декор. Секој соба и апартман од овој хотел поседуват медитеранска лежерност, поради својот прекрасен декор и дрвениот мебел, со сите модерни погодности кои можат да ви затребаат.

Покрај затскриената, приватна плажа, овој хотел нуди и беспрекорен базен, кој ви пружа прилика да се опуштите и да вкусите овошен коктел. Хотелот поседува и Aqua Wellness центар, кој со своите услуги ќе ви го разубави денот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП