Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,926.24 0.48%    GRNT 818.00 0.99%    KMB 3,350.61 -0.14%    PPIV 39,900.00 2.05%    RMDEN15 95.00 -0.11%    RMDEN16 95.00 0%    STBP 650.00 8.33%    STIL 140.00 0%    TEL 295.00 -0.18%    TNB 14,052.14 2.39%    TPLF 1,712.35 0.69%    UNI 2,050.00 0%    VITA 7,790.00 0%    

Xiaomi ќе претстави нов телефон еден ден пред дебито на следниот iPhone

Време: 17:18

Датум: септември 6, 2017

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Смартфонот „Mi Mix“, кој „Xiaomi“ го пушти на пазарот во октомври минатата година, привлече големо внимание. Сега кинескиот производител на смартфони е оптимист за новата верзија на уредот, која планира да ја претстави во Пекинг само ден пред „Apple“ да го покаже новиот „iPhone“, пишува „TechCrunch“.

Ова е совршен момент за „Xiaomi“. Нејзиниот најнов уред беше хит, а таа имаа големи очекувања за следниот „iPhone“.

Сите погледи се вперени во „Apple“, кој треба да пушти паметен телефон кој ќе се разликува од последните генерации, за да може да се промовира брендот, како и да се даде поттик на продажбата во Кина. Од она што го слушнавме досега од гласините, новиот „iPhone“ изгледа ќе има неколку радикални промени. Но со претставување на својот нов смартфон ден порано, „Xiaomi“ ќе ужива во центарот на вниманието 24 часа, поставувајќи основа за директна споредба помеѓу двата уреди.

„Mi Mix“ беше хит меѓу фановите на „Xiaomi“ благодарение на дизајнот. Во времето во кое се појави, тоа беше сериозен пробив, но сега сличен тип екрани, пополнувајќи го целиот преден панел, се „жешка“ тема на пазарот на паметни телефони за 2017-та година. „LG“ и „Samsung“ веќе пуштија слични уреди. Во исто време, постои голема претпазливост за новиот модел на „Xiaomi“.

Гласините покажуваат дека рамката во предниот дел на телефонот ќе биде уште помала, со чип „Snapdragon 836“ и оперативен систем „Android 8.0 Oreo“.

Засега „Xiaomi“ не коментира многу во врска со оваа тема, за да не пропадне изненадувањето на настанот.

2017-та беше многу подобра година за компанијата, откако таа се бореше да го задржи растот од нејзините рани денови во изминатите две години.

Главниот извршен директор на „Xiaomi“, Леи Жин коментира дека компанијата е растела премногу брзо, ако се суди според резултатите за 2016-та година, но оваа година конечно го нашла својот ритам со импресивен раст на продажбата и насочување кон меѓународната експанзија.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • “Uber” со ветување: За неколку години ќе добиете евтин летечки такси

    “Uber” со ветување: За неколку години ќе добиете евтин летечки такси

    Извршниот директор на “Uber” Дара Косровшахи, предвидува комерцијализација на услугите на “Uber air taxi” во рок од пет до десет години. Исто така, се очекува летачките…

  • AccuWeather предупредува: Висок ризик од поплави на Балканот поради честите врнежи од дожд

    AccuWeather предупредува: Висок ризик од поплави на Балканот поради честите врнежи од дожд

    Американската метеоролошка служба „Акјуведер“ (AccuWeather) објави временска прогноза за пролет 2018 во Европа, во која предупредува на висок ризик од поплави на Балканот поради чести…

  • Човекот кој купи биткоини за нула долари

    Човекот кој купи биткоини за нула долари

    Биткоинот сѐ уште е во фаза на развој, и ќе остане така за некое време, што меѓу другото значи дека трговците на тие платформи мора да…

  • Марсијал ги прекина преговорите со Јунајтед

    Марсијал ги прекина преговорите со Јунајтед

    Преговорите меѓу Манчестер Јунајтед и Ентони Марсијал се суспендирани, а Французинот веќе планира да го смени клубот, најавија англиските медиуми. Актуелниот договор на Марсијал е…

  • Српските мелничари бараат контрамерки за Македонија, поради проблеми со извозот на брашно

    Српските мелничари бараат контрамерки за Македонија, поради проблеми со извозот на брашно

    Деловната асоцијација на индустриски мелници, пекари и производители на тестенини „Житоунија“ од Нови Сад ги обвини македонските власти дека со неодамна воведените мерки допринеле увозот…

  • Земјоделците ќе ги добиваат субвенциите кога им се најпотребни

    Земјоделците ќе ги добиваат субвенциите кога им се најпотребни

    Годинава земјоделците ќе ги добиваат субвенциите кога им се потребни, односно пред почетокот на производствената сезона, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.…

  • Фондацијата Проф. Д-р Ванчо Чифлиганец добитник на наградата за општествена одговорност за 2017 од Битолски весник

    Фондацијата Проф. Д-р Ванчо Чифлиганец добитник на наградата за општествена одговорност за 2017 од Битолски весник

    За изградба и донација на нов, безбеден и топол дом на место на опожарениот, за Ивана и Јован Трајкови во Дедино и за богатата хумана…

  • Standard & Poor’s го зголеми кредитниот рејтинг на Русија

    Standard & Poor’s го зголеми кредитниот рејтинг на Русија

    Меѓународната агенција „Standard & Poor’s“ го зголеми кредитниот рејтинг на Русија до инвестициско ниво „ВВВ-“ од шпекулативното ниво „ВВ+“, информира ТАСС. Прогнозите на рејтингот се…

  • Жителите на Аеродром годишните даночни пријави ќе може да ги поднесуваат во Општината

    Жителите на Аеродром годишните даночни пријави ќе може да ги поднесуваат во Општината

    Управата за јавни приходи (УЈП) во периодот од 26 февруари до 16 март, ќе врши прием на годишните даночни пријави за 2017 година во просториите…

  • Три камери не ви се доволни? Еве Ви четири, и тоа во евтин модел! (видео)

    Три камери не ви се доволни? Еве Ви четири, и тоа во евтин модел! (видео)

    Повеќе од две камери е се почест пример меѓу евтините модели на паметни телефон. Но, смартфоните со четири камери се уште поретка појава, дури и…