29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот хотел Tiara Yaktsa Cote d’Azur (фото)

Луксузниот хотел Tiara Yaktsa Cote d’Azur (фото)

Со локација во прекрасното мало место на море, Теоли су Мер, помеѓу Средоземното море и планините, „Tiara Yaktsa Cote d’Azur“ изгледа како луксузна вила…

Таа со својата естетика и екстериер изгледа како и сите други вили на француската ривиера, што ја прави совршено место за патниците кои бараат малку мир и тишина, додека ги истражуваат најубавите светски брегови.

Оваа вила, всушност, е хотел кој има само 21 соба и апартмани, што додатно ја нагласува неговата ексклузивна природа. Гостите можат да ја одберат својата омилена опција од понудата за сместување која се состои од удобни „Superior“ соби, елегантни „Deluxe“ соби или пространи „Junior“ апартмани со поглед на море или на градина. Покрај луксузниот мебел и декорациите, сите соби и апартмани имаат погодности како што се клима уреди, бесплатен интернет, големи „LCD“ ТВ сетови и во потполност опремени мини барови.

Оние кои сакаат ултимативна приватност можаат го резервираат „Penthouse“ апартманот, кој има прекрасен поглед на градината и на морето. Навистина специјално место за одмор е оваа вила, луксузна двокатна резиденција со своја приватна и мирна плажа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП