25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриватниците решение за невработеноста

Приватниците решение за невработеноста

rab12

Создавањето на нови работни места во земјите во развој може да се забрза, кога решавањето на главните препреки за развој на приватниот сектор ќе стане приоритетна задача.

Студијата под наслов „Анализата за доприносот на приватниот сектор во создавањето на нови работни места“, на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), покажала дека четири препреки претставуват посебен предизвик за создавање нови работни места во приватниот сектор.

Станува збор за неповолна инвестициска клима, неадекватна инфраструктура, ограничен пристап до изворите за финансирање на макро, мали и средни претпријатија и недостаток на обука и вештина.

Според таа студија, отстранувањето на тие препреки значајно би допринело за растот на вработувањето, со оглед на тоа дека во светот има околу 200 милиони невработени.

Студијата е објавена како дополнување на „извештајот за глобалниот развој за 2013 година во поглед на работните места“, на Светска банка, кој е објавен минатиот октомври. Во заедничкото соопштение со промоцијата на извештајот, неколку водечки меѓународни финансиски институции, се обврзале дека заеднички ќе работат на создавање на нови работни места и ќе учат од меѓусебните искуства.

Со оглед на тоа дека во светот има околу 200 милиони невработени, Светска банка проценува дека е потребно да се создадат 600 милиони работни места до 2020 година, пред се во земјите во развој, само за да се одржи чекор со растот на населението.

Решението се наоѓа во приватниот сектор, кој обезбедува 9 од 10-те работни места.

„Невработеноста е криза во глобални рамки која најмногу ги погодува најсиромашните земји“, изјави Џин Јонг Кај, извршниот потпретседател на ИФЦ, истакнувајќи дека отворањето на нови работни места е најсигурен пат за излез од сиромаштијата.

Како најголема меѓународна развојна институција која се занимава со развој на приватниот сектор, поддршката за отворање на нови работни места во земјите во развој, е наш приоритет, додаде Јонг Кај.

Студијата покажа дека работоспособното население се зголемува за 45 милиони луѓе секоја година. Меѓутоа, повеќе од една третина од испитаните работодавачи во светот, не успеале да најдат вработени со вештини кои на нив им биле потребни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП