20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвото централно воздушно перниче

Првото централно воздушно перниче

pernice

Следејќи ја филозофијата – што повеќе воздушни перничиња има во автомобилот, толку повеќе патниците се побезбедни. Па така „General Motors“ (GM) го претстави воздушното перниче кое се активира помеѓу седиштата на возачот и сувозачот.

Првиот централно поставено воздушно перниче е вградено во моделот „Chevrolet Traverse“ кој се продава на пазарот во САД.

Идеата на „General Motors“ е дополнително да ја заштити позицијата на возачот во случај на страничен судар, така што поместувањето на неговото тело по несреќата максимално ќе го ограничи.

„General Motors“ засега не објави снимка од тест-сударот со кукла на место возачот, како ни податоците од испитувањата колку овој изум навистина допринесува за безбедноста на оној кој го управува возилото во случај на незгода.

Ако новите воздушни перничиња се покажат како успешни се очекува нивно вградување и на другите модели на „Chevrolet“, како и во останатите автомобилски марки кои се во склоп на „GM“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП