19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Буџетот за 2013 е договорен

ЕУ: Буџетот за 2013 е договорен

eu3

Министрите за финансии на Европската Унија се согласија да го дополнат заедничкиот буџет за 2013 година со 7,3 милијарди евра.

Министрите постигнаа политички договор за дополнување на буџетот, на кој ќе му биде додадена првата транша од вкупно планираните 11,2 милијарди евра, за покривање на недостатоците во буџетот.

Тие пари ќе бидат употребени за поддршка на економскиот раст, отварање на нови работни места и борба против невработеноста, особено меѓу младите, наведоа министрите, објавувајќи дека предлогот за дополнителниот буџет ќе биде усвоен подоцна, паралелно со заклучувањето на разговорите со Европскиот парламент за повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот од 2014 до 2020 година.

Буџетот на Унијата за 2013 година е врз основа на планираната потрошувачка до 143 милијарди евра, но членките во заедничката каса ќе уплатат 132 милијарди, што е за околу пет милијарди помалку од првичната сума која беше предложена од страна на Европската комисија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП